Планината Еребус — втор највисок вулкан на Антарктикот (по планината Сидли) и најјужниот активен вулкан на Земјата. Еребус е шеста највисока ултра планина на островот[1]. Со надморска височина од 3.794 метри (12.448 стапки), се наоѓа на Рссовиот Остров, каде исто така се наоѓаат три неактивни вулкани, планината Терор, планината Брд и планината Тера Нова.

Еребус
Еребус, 1972
Највисока точка
Надм. вис.3794 м [1]
Истакнатост3794 м [1]
Ranked 34th
Координати77°31′47″S 167°09′12″E / 77.52972° ЈГШ; 167.15333° ИГД / -77.52972; 167.15333[2]
Географија
Еребус на карта

Карта

МестоРосов Остров, Антарктик
(од Нов Зеланд сметан како Росова Зависност)
ТопокартаРосова Зависност
Геологија
Старост на карпата1.3 милиони годинии
Видстратовулкан
Последен избув1972 до денес
Искачување
Прво освојување1908 од Е. Дејвид [3]
Најлесен патпо снег и по мраз

Вулканот е активен уште пред 1.3 милиони годинии[4] е местокде е наоѓа опсерваторија на вулканот Еребус, водена од Институтот за рударство и технологија на Ново Мексико[5].

Геологија и вулканологија

уреди

Планината Еребус во моментов е најактивен вулкан на Антарктикот и е моменталната еруптивна зона на жариштето Еребус. Самитот содржи фонолитско лавино езеро, едно од петте долготрајни лавини езера на Земјата. Карактеристичната еруптивна активност се состои од т.н. Стромболска ерупција од лавиното езеро или од еден од неколку подводни отвори, сите во внатрешниот кратер на вулканот.[6][7]. Вулканот е научно извонреден поради тоа што неговото релативно ниско ниво и невообичаена упорна еруптивна активност овозможува долгорочно вулканолошко проучување на Страмболискиот систем од многу блисо растојание (стотици метри) до активните отвори, одлика споделена со само неколку вулкани на Земјата , како што е Стромболи во Италија. Научнотп проучување и следење на вулканот, исто така, е олеснето од неговата близина до станицата Мекмердо (САД) и базата Скот (Нов Зеланд), и двете се сместени на островот Росовиот Остров, на околу триесет и пет километри.

Планината Еребус е класифицирана како полигеничен стратовулкан. Долната половина на вулканот е штитеста, а горната половина е стратовулканска купа. Составот на актуелните еруптивни производи на Еребус е антроклашки-порфиритски тефритски фонолит и фонолит. Најстарите еруптивни производи се состојат од релативно недиференцирана и вискозна базанитска лава. Помалку помладата базанитска лава се појавува на Фанг Риџ - еродиран остаток од раниот вулкан Еребус - и на други изолирани локации на крилата на Еребус. Еребус е единствен во моментов еруптирачки фонолитски вулкан[8].

Лавините текови на повеќе вискозен фонотефрит и трахит избиваат постојано по базанитот. На горните падини на планината Еребус доминираат стрмни предели (30°) од тефринска фонолитска лава со големи насипи. Очигледната пауза во наклонот на околу 3.200 метри го привлекува вниманието кон платото на врвот што ја претставува купата. Купата на врвот била создадена со експлозивна ерупција од ВЕИ-6 која се случила пред 18,000±7,000 години[9]. Пополнет е со мал обем, тефритски фонолит и фонолитски лавини текови.

Истражувачите поминале повеќе од три месеци во сезона 2007-08 година, инсталирајќи невообичаено густа низа сеизмометри околу планината Еребус за да слушаат бранови на енергија генерирани од мали, контролирани експлозии од експлозиви долж неговите страни и периметар и за снимање на расфрлани сеизмички сигнали.

Ледени фумароли

уреди

Еребус е познат по своите бројни ледени фумароли - кули со мраз кои се формираат околу гасовите што избиваат од отвори на површината[10]. Мразните пештери поврзани со фумаролите се темни[11]. Животот е редок, главно опстојуваат бактерии и габи. Ова го прави од посебен интерес за проучување на олиготрофи - организми кои можат да преживеат со минимални количини на ресурси. Се смета дека ледените пештери може да постојат на Марс.

Пештерите на Еребус се од особен интерес за астробиологија, бидејќи повеќето површински пештери се под влијание на човековите активности, или од органски делови од површината што ги носат животни (на пример, лилјаци) или подземни води. Пештерите на Еребус се на голема надморска височина, но сепак достапни за проучување. Речиси нема шанси да се организираат фотосинтетички бази на организми или животни во синџирот на исхрана засновани на фотосинтетички живот.

Воздухот внатре во пештерите има влажност од 80% до 100% и до 3% јаглерод диоксид (СО2), а некои јаглерод моноксид (CO) и водород (H2), но речиси и да нема метан (CH4) или водороден сулфид (H2S) . Многу од нив се сосема темни, па не можат да поддржат фотосинтеза.

Историја

уреди

Планината Еребус била откриена на 27 јануари 1841 година (и забележана е во ерупција[12]) од страна на поларниот истражувач сер Џејмс Кларк Рос, кој го именувал и неговиот сосед, планината Терор, по неговите бродови, Еребус и Терор (кои подоцна биле користени од Сер Џон Френклин на неговата катастрофална арктичка експедиција). Еребус во старогрчката митологија бил бог на вечната темнина и мрак, син на Хаос[13].

Планината била откриена во декември 1912 од страна на Британска Антарктическа Експедиција, која исто така собирала геолошки примероци. Првиот кратер на врвот на планината Еребус првпат го искачиле членовите на експедицијата на Сер Ернест Шеклтон; Професорот Дејвид, Сер Даглас Маусон, д-р Алистер Макеј, Џејмсон Адамс, д-р Ерик Маршал и Филип Броклихарст (кој не стигнал до врвот), во 1908 година. Неговото прво познато искачување и првото зимско искачување било направено од британскиот планинар Роџер Маер на 7 јуни 1985 година. Во 1992 година внатрешноста на вулканот била истражувана од Dante I, роботски истражувач.

Во 1979 година се случила авионска несреќа над Еребус, во која 237 патници и 20 членови на екипажот загинале.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Mount Erebus“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2008-12-29. (англиски)
  2. „Mount Erebus“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 2011-07-30. (англиски)
  3. „Антарктички истражувачи“. Australian Antarctic Division. Архивирано од изворникот на 2010-05-22. Посетено на 2008-12-29.
  4. „Mt. Erebus“. Mt. Erebus Volcano Observatory (MEVO). Архивирано од изворникот на 2012-03-12. Посетено на January 11, 2015.
  5. „Mount Erebus Volcano Observatory“. New Mexico Tech. Архивирано од изворникот на 2007-07-02. Посетено на 2008-12-29.
  6. Kyle, P. R., уред. (1994). Volcanological and Environmental Studies of Mount Erebus, Antarctica. Antarctic Research Series. Washington DC: American Geophysical Union. ISBN 0-87590-875-6.
  7. Aster, R.; Mah, S.; Kyle, P.; McIntosh, W.; Dunbar, N.; Johnson, J. (2003). „Very long period oscillations of Mount Erebus volcano“. J. Geophys. Res. 108: 2522. doi:10.1029/2002JB002101.
  8. Burgisser, Alain; Oppenheimer, Clive, Alletti, Marina; Kyle, Phillip R.; Scaillet, Bruno; Carroll, Michael R. (November 2012). „Backward Tracking of gas chemistry measurements at Erebus volcano“. Geochemistry Geophysics Geosystems. 13 (11): 24. doi:10.1029/2012GC004243.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска]
  9. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-10-06. Посетено на 2017-12-12.
  10. For photographs of ice fumaroles, see Ice Towers Архивирано на 1 јануари 2015 г. Mount Everest Volcano Observatory
  11. Williams, K.E.; McKay, Christopher P.; Toon, O.B.; Head, James W. (2010). „Do ice caves exist on Mars?“ (PDF). Icarus. 209 (2): 358–368. doi:10.1016/j.icarus.2010.03.039. ISSN 0019-1035. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-10-08. Посетено на 2017-12-12.
  12. Ross, Voyage to the Southern Seas, vol. i, pp. 216–8.
  13. Hesiod, Theogony 116–124.

Надворешни врски

уреди