Ширасеов Брег
Ширасеов Брег (англиски: Shirase Coast) — северниот дел на брегот долж источната страна на Росовиот Леден Гребен и Росовото Море, меѓу северниот крај на Сајпловиот Брег[1] (околу 80°09′58″ S; 151°00′00″ W / 80.166° ЈГШ; 151° ЗГД) и ’ртот Колбек.
Наречен е во 1961 г. по поручникот Нобу Ширасе (1861-1946), предводник на јапонската експедиција кој допловил близу брегот во јануари 1912 г. Екипата слегла на копното во заливот Кајнан и Заливот на Китовите, од каде пропатувала 257 км југоисточно од Росовиот Леден Гребен. Од 76°55′59″ S; 155°54′58″ W / 76.933° ЈГШ; 155.916° ЗГД (кај полуостровот Едвард VII) се истоварила друга група, која со санки пропатувала до работ на планинскиот венец Кралица Александра.
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ Сајплов Брег — Информативен систем за географски имиња (GNIS) на Геолошкиот топографски институт на САД (англиски)
Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Ширасеов Брег“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)