Земја на Кралицата Елизабета
Земја на Кралицата Елизабета (англиски: Queen Elizabeth Land) — дел од Антарктикот, дел од Британската Антарктичка Територија, најголемата од 14-те британски прекуморски територии. Сместен е јужно од Веделовото Море и меѓу меридијаните 20° ЗГД and 80° ЗГД, протегајќи се од Филхнер-Ронеовата Ледена Плоча до Јужниот Пол.[1] Границата со Зумбержовиот Брег од Елсвортовата Земја на запад и северозапад е ракавот Херкулес. На североисток, напоредникот 82° ЈГШ ја дели оваа земја со Коутсоваta Земја. Подрајчето на Земјата на Кралицата Елизабета било безимено сè до 2012 г. Најголемиот дел од него неофицијално се нарекувал „Земја на Едит Роне“ од 1947 до 1968 г.[2] Во ова подрачје има територии на кои полагаат право Обединетото Кралство, Чиле и Аргентина.
Земја на Кралицата Елизабета Queen Elizabeth Land | |
---|---|
Земјата на Кралицата Елизабета (исенчена) | |
Континент | Антарктик |
Површина | |
• Вкупна | 437.000 км2 (169,000 ми2) |
Историја
уредиВо 2012 г. решено е дека подрачје од 437.000 км2 од Британската Антарктичка Територија го добива името „Земја на Кралицата Елизабета“ во чест на кралицата Елизабета II, а по повод нејзиниот дијамантски јубилеј.[3]
Оваа антакритчка земја е речиси двојно поголема од Обединетото Кралство[3] и претставува триаголен отсечок на Антарктикот со едно теме во Јужниот Пол. На север се граничи со Филхнер-Ронеовата Ледена Плоча, на североисток со Коутсовата Земја, на исток со Земјата на Кралицата Мод и на западната страна се протега по линија помеѓу Јужниот Пол и Ратфордовата Ледена Струја, источно од ракавот Констелејшен.[4][5][6] Венецот Пенсакола, откриен во јануари 1956 г. се протега во должина од 450 км во правец североисток-југозапад долж средиштето на територијата.[7] Името фигурира на сите британски карти.[8]
Земјата на Кралицата Елизабета е втора област на Антарктикот наречена по оваа личност. Прват ае Земјата на Принцезата Елизабета, сместена од другата страна на континентот, во Австралиската Антарктичка Територија, именувана во 1931 г. во нејзина чест, кога била принцеза.
Реакција
уредиАргентина, чија претензија наречена Аргентински Антарктик има преклоп со Британската, го осудила чинот на именување на земјата, нарекувајќи го „систематски напад“ и „провокација“ како продолжение на тензиите за надлежноста врз Фолкландските Острови, кои се британска прекуморска територија.[9]
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Queen Elizabeth Land. SCAR Composite Antarctic Gazetteer.
- ↑ Ronne Ice Shelf. USGS Geographic Names Information System
- ↑ 3,0 3,1 „UK to name part of Antarctica Queen Elizabeth Land“. BBC News. BBC. 18 декември 2012. Посетено на 18 декември 2012.
- ↑ Queen Elizabeth Land, Foreign & Commonwealth Office. Retrieved 19 December 2012
- ↑ Rayner, Gordon (18 декември 2012). „Part of Antarctica named 'Queen Elizabeth Land' as gift for Diamond Jubilee“. The Telegraph. Посетено на 18 декември 2012.
- ↑ Calder, Simon (18 декември 2012). „So where exactly is Queen Elizabeth Land?“. The Independent. Посетено на 18 декември 2012.
- ↑ „Pensacola Mountains“. Antarctica Detail. U.S. Geological Survey. Посетено на 19 декември 2012.
- ↑ „Foreign Office risks diplomatic row with Argentina by naming part of Antarctica after the Queen“. Telegraph. 18 декември 2012. Посетено на 20 декември 2012.
- ↑ Hannah Strange (20 декември 2012). „Argentina fury as Britain names disputed Antarctic territory 'Queen Elizabeth Land'“. The Times. Посетено на 20 декември 2012.