Бакутисов Брег
Бакутисов Брег (англиски: Bakutis Coast) — дел од бреговата линија на Земјата на Мери Берд, Западен Антарктик. Се протега од точка спроти источниот дел на островот Дин (74°42′S 127°05′W / 74.7° ЈГШ; 127.08° ЗГД), па до ’ртот Херлахер, или пак меѓу Хобсовиот Брег на запад[1] и Волгриновиот Брег на исток. Го опфаќа просторот меѓу 127°05' ЗГД и 114°12' ЗГД. Брегот е обиколен од неколку големи ледени острови и мошне пространиот Гецова Ледена Плоча. За првпат е забележан од посадата на Антарктичката служба на САД (1939–1941) и картографски исцртан со воздушни снимки направени во операијата „Скок во височина“ (1946–1947), обете предводени од адмиралот Ричард Берд. Геолошки топографскиот институт на САД извршил целосно картирање на брегот користејќи теренски земјомер и воздушни снимки на Воената морнарица од 1959 до 1966 г.
Брегот го добил името со одлука на Советодавната комисија за антарктички имиња во чест на контраадмиралот Фред Бакутис, командант на Силите за поморска поддршка на Антарктикот од 1965 до 1967 г.
Во задгрбнината на Бакутисовиот Брег се наоѓала поларната станица „Берд“, сместена 500 км копнено од самиот брег.
Извори
уреди- Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Бакутисов Брег“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Бакутисов Брег на geographic.org (англиски)