Оутсова Земја (англиски: Oates Land) — област на Антарктикот. Се смета за делот од Источниот Антарктик кај брегот кој се протега долж и копнено од Оутсовиот Брег и претставува официјално определен клинест отсечок од Австралискаta Антарктичка Територија. Отсечокот на Австралија се протега од 153°45' ИГД до 160° ИГД, образувајќи клин помеѓу 60° ЈГШ и Јужниот Пол. Граничи со Росовата Зависност на исток и се преклопува со Земјата на Џорџ V на запад.

Местоположба на Оутсовата Земја (црвено) во рамките на Австралиската Антарктичка Територија.

Истражување

уреди

Земјата е откриена во февруари 1911 г. од поручникот Хари Пенел од Кралската воена морнарица, командант на експедицискиот брод „Тера нова“ во рамките на Британската антарктичка експедиција од 1910–13 г. Наречена е по капетанот Лоренс Оутс, кој заедно со капетанот Роберт Фалкон Скот и тројца придружници ги загубиле животите враќајќи се од Јужниот Пол во 1912 г.[1]

Крајбрежниот регион на Оутсовата Земја е сликан и истражен од американската морнарица за време на операцијата „Хајџамп“ (1946–47), Советската антарктичка експедиција (1958), австралиските експедиции ANARE (1959, 1961 и 1962), Воената морнарица на САД (1960–62) и Геолошкиот топографски институт на САД (1963–64).

Поврзано

уреди

Извори

уреди

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Оутсова Земја“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

Наводи

уреди
  1. Geographic Names Information System, "Oates Land Архивирано на 4 мај 2021 г.", United States Geological Survey; accessed 2020.05.28.

69°30′S 159°00′E / 69.500° ЈГШ; 159.000° ИГД / -69.500; 159.000