Рупертов Брег
Рупертов Брег (англиски: Ruppert Coast) — дел од бреговата линија на Земјата на Мери Берд на Антарктикот меѓу ’ртовите Бренан и Беркс, или помеѓу Сондерсовиот Брег на запад и Хобсовиот Брег на исток. Се протега од 146°31' ЗГД до 136°50' ЗГД. Името го дал контраадмиралот Ричард Берд во чест на полковникот Џејкоб Руперт, поддржувач на неговата втора антарктичка експедиција (1933–1935) каде е направен првиот извиднички прелет на брегот. Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) целосно го картирал брегот со копнен земјомер и воздушни снимки на воената морнарица во периодот од 1959 до 1965 г.
На Рупертовиот Брег се наоѓа руската поларна станица „Рускаја“.
Извори
уредиОваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Рупертов Брег“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)