Источен Антарктик

Источен Антарктик, наречен и Голем Антарктик, го сочинува мнозинството (две третини) од Антарктичкиот континент, кој лежи на страната на Индискиот Океан на континентот, одделен од Западен Антарктик со Трансантарктичките Планини. Лежи речиси целосно во рамките на Источната полутопка и неговото име е прифатено повеќе од еден век. Тој е генерално повисок од Западен Антарктик и го вклучува Гамбурцевиот планински венец во центарот. Географскиот Јужен Пол се наоѓа во рамките на Источен Антарктик.

Карта на Антарктикот со Источен Антарктик на десната стана.
Слика од различни видови мраз во близина на брегот на Источен Антарктик.

Освен малите области на брегот, Источен Антарктик е трајно покриен со мраз и има релативно ниска биоразновидност, со само мал број видови на копнени растенија, животни, алги и лишаи. Крајбрежјата се место за размножување на различни морски птици и пингвини, а леопардот, веделовата фока, слоновата фока, ракојадната фока и Росовата фока се размножуваат на околниот мраз во лето.

Местоположба и опис

уреди
 
Географска карта на Антарктикот

Речиси целосно покриен со густ, постојан мраз, Источен Антарктик се состои од>

Сите освен мал дел од овој регион се наоѓаат во рамките на Источната полутопка, факт што го сугерира името. Името постои повеќе од 110 години но неговата најголема употреба следела по Меѓународната геофизичка година (1957–58) и истражувањата кои откриле дека Трансантарктичките Планини обезбедуваат корисна регионална поделба на Источен Антарктик и Западен Антарктик. Името било одобрено во Соединетите Американски Држави од Советодавниот комитет за имиња на Антарктикот (US-ACAN) во 1962 година. Источен Антарктик е генерално повисок од Западен Антарктик и се смета за најстудено место на Земјата.

Се верува дека подледничкиот Гамбурцев Венец, со големина на европските Алпи, во центарот на Источен Антарктик, бил местото на нуклеација на ледената покривка на Источен Антарктик, веднаш под куполата А.

Флора и фауна

уреди

Многу мал дел од Источен Антарктик не е покриен со мраз. Малите области кои остануваат без мраз (антарктичка оаза), вклучувајќи ги и сувите долини Мекмердо во внатрешноста на земјата, сочинуваат регион со биоразновидност од типот на тундра, познат како пустина на Антарктикот Модландија, по земјата на кралицата Мод. Нема дрвја или грмушки, бидејќи овде може да преживее само многу ограничен растителен свет; флората се состои од лишаи, мов и алги кои се прилагодени на студот и ветерот и се држат до карпите.

На бреговите живеат морски птици, пингвини и фоки, кои се хранат во околниот океан, вклучувајќи го и царскиот пингвин, кој славно се размножува во студената, темна зима на Антарктикот.

Морските птици на крајбрежјето ги вклучуваат јужниот фулмар (Fulmarus glacialoides), јужниот џиновски цевконосец (Makronectes giganteus), кејптовиот цевконосец (Daption capense), снежниот цевконосец (Pagodroma nivea), малиот вилсонов цевконосец (Oceanites oceanicus), поларен поморник ( Catharacta maccormicki ), и антарктички цевконосец( Thalassoica antarctica) .

Фоките на Антарктичкиот Океан вклучуваат леопардова фока (Hydrurga leptonyx), Веделова фока (Leptonychotes weddellii), слонова фока (Mirounga leonina), ракојадна фока (Lobodon carcinophagus) и Росова фока (Ommatophoca rossii)

Нема големи копнени животни, но бактериите, нематодите, пролетните опашки, грините и мушичките живеат на мововите и лишаите.[1]

Закани и зачувување

уреди

Далечниот и екстремно студен дел од Антарктикот останува речиси целосно недопрен од човечка интервенција. Областа е заштитена според Договорниот систем на Антарктикот кој забранува индустриски развој, депонирање отпад и јадрени тестирања, додека долината Барвик, една од сувите долини, планината Ритман и гребенот Криптогам на планината Мелбурн се специјално заштитени подрачја за нивниот непречен растителен живот.

Надворешни врски

уреди
  1. „Maudlandia Antarctic desert“. Земски екорегиони. Светски фонд за природа (WWF). (англиски)