Винсонов Масив

највисока планина на Антарктикот

Винсонов Масив (англиски: Vinson Massif) — највисока планина на Антарктикот со висина од 4.892 м. Сместена е во венецот Сентинел во состав на поголемиот венец Елсворт над Филхнер-Ронеовата Ледена Плоча при основата на Антарктичкиот Полуостров. Масивот се наоѓа на 1.200 км од Јужниот Пол, долг е околу 21 км и има ширина од 13 км.[4] Името го добил во 2006 г. во чест на американскиот конгресмен Карл Винсон (1883-1981)[5]

Винсонов Масив
Vinson Massif
Сателитска снимка на Винсоновиот Масив
Највисока точка
Надм. вис.4892 м [1]
Истакнатост4892 м [2]
8-ма
Заведена какоседум врвови, ултра
Координати78°31′31.74″S 85°37′1.73″W / 78.5254833° ЈГШ; 85.6171472° ЗГД / -78.5254833; -85.6171472[3]
Друго имеVinson Massif
Географија
Винсонов Масив на карта

Карта

ПокраинаAQ
Матичен венецСентинел
Искачување
Прво освојување1966 (Николас Клинч и дружината)
Најлесен патискачување по снег/мраз

Масивот е забележан во 1958 г. и првпат освоен во 1966 г. До февруари 2010 г. планината се обиделе да ја искачат вкупно 1.400 планинари.[6]

Географија

уреди

Масивот се протега од седлото Гуџ и ледникот Бренском на северозапад, ледниците Нимиц и Гилдеја на југозапад и југ и ледникот Дејтер со неговиот придружник Хинкли на исток. Југоисточниот дел завршува во седлото Хамер кое го поврзува со масивот Крадок, чија највисока точка е планината Ратфорд (4.477 м). Винсоновиот Масив е составен од високата Винсоновата Висорамнина во средишниот дел со некои врвови до 4.700 м и неколку странични сртови кон југозапад или североисток од висорамнината.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Винсонов Масив — Peakbagger (англиски) посет. 26 октомври 2011 г
  2. Антарктик - Ултраистакнати планини — Peaklist (англиски) посет. 26 октомври 2011 г
  3. „ГПС-насоки за Винсоновиот Масив“. 7 Summits. Посетено на 2007-01-29. (англиски)
  4. „Винсоновиот Масив“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 2008-09-20. (англиски)
  5. „Винсоновиот Масив“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 2008-09-20. (англиски)
  6. „ЧПП за Винсоновиот Масив“. 7 Summits. (англиски) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „7summits“ е зададен повеќепати со различна содржина.

Надворешни врски

уреди