Волгринов Брег (англиски: Walgreen Coast) — дел од бреговата линија на Земјата на Мери Берд на Антарктикот ’ртот Херлахер до ’ртот Вејт, или помеѓу Ејтсовиот Брег на исток и Бакутисовиот Брег на запад. Се протега од 103°24' ЗГД до 114°12' ЗГД. Откриен е од Ричард Берд и членови на Американската антарктичка служба (USAS) со летови USS Bear during февруари 1940 г.

Сателитска снимка на Волгриновиот Брег

Берд го нарекол овој брег по Чарлс Волгрин, тогашен претседател на аптекарското претпријатие „Волгринс“ (Walgreens), кој обезбедил средства за Бердовата експедиција од 1933–1935 г. и помогнал во опремувањето на бродот „Беар“ за USAS (1939–1941). Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) целосно го картирал брегот со копнен земјомер и воздушни снимки на воената морнарица во периодот од 1959 до 1965 г.

На Волгриновиот Брег се наоѓа Твејтсовиот Ледник, наречен и „Ледник на Судниот Ден“ поради негговото значајно учество во зголемувањето на морското ниво како последица од климатските промени.

Поврзано

уреди

Извори

уреди

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Волгринов Брег“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

Наводи

уреди

75°30′S 107°0′W / 75.500° ЈГШ; 107.000° ЗГД / -75.500; -107.000