Шеклтонова Ледена Плоча
Шеклтонова Ледена Плоча (англиски: Shackleton Ice Shelf) — голема ледена плоча на брегот на Источниот Антарктик од 95° ИГД до 105° ИГД. Се протега во брегова линија од 384 км, издавајќи кон морето 145 км во западниот дел и 64 км во источниот. Зафаќа површина од 33.820 км2. Лежи на Мосоновото Море и го двои Брегот на Кралицата Марија на запад од Ноксовиот Брег во Вилксовата Земја на исток.
Откривање и именување
уредиПлочата е откриена од американската експедиција на Чарлс Вилкс, кој искартирал еден негов дел од бродот „Венсен“ во февруари 1840 г. Истражен е од Австралиската антарктичка експедиција под водство на Даглас Мосон (1911–14) кој го нарекол по британскиот истражувач Ернест Шеклтон. Целата плоча е поподробно искартиран во 1955 г. користејќи воздушни снимки направени од американската морнарица во 1946–47 г. Во 1956 г. Советската експедиција извршила понатамошното картирање, каде се покажало дека делот источно од Скотовиот Ледник е дел од самата плоча.
Место од орнитолошка важност
уреди500 ха од плочата се прогласени за место од орнитолошка важност од страна на BirdLife International бидејќи таму живее колонија од 6.500 царски пингвини, чија бројност е утврдена на сателитска снимка од 2009 г.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Shackleton Ice Shelf“. BirdLife Data Zone. BirdLife International. 2015. Посетено на 27 ноември 2020.
Надворешни врски
уреди- Шеклтонова Ледена Плоча — Информативен систем за географски имиња (GNIS) на Геолошкиот топографски институт на САД (англиски)