Брег на Џорџ V

брег на Антарктикот

Брег на Џорџ V (англиски: George V Coast) — дел од брегот на Антарктикот кој се наоѓа меѓу ’ртовите Алден и Хадсон (од 148°2′ до 153°45′ ИГД).

БЏV во рамките на Антарктик
БЏV
Местоположба на брегот

Делови од овој брег се забележани на Американската истражувачка експедиција во 1840 г.[1] Брегот е истражен од група на Австралазиската антарктичка експедиција (1911–14) под водство на Даглас Мосон, кој го нарекол по кралот Џорџ V.[2]

Отсечокот од земја помеѓу овие меридијани се нарекува Земја на Џорџ V. Таму е сместен Мерцовиот Ледник.

Наводи

уреди
  1. Stanton, William (1975). The Great United States Exploring Expedition. Berkeley: University of California Press. стр. 157. ISBN 0520025571.
  2. „Брег на Џорџ V“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 22 април 2012. (англиски)

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Брег на Џорџ V“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

Надворешни врски

уреди

68°30′S 148°0′E / 68.500° ЈГШ; 148.000° ИГД / -68.500; 148.000