Коутсова Земја
Коутсова Земја (англиски: Coats Land) — област на Антарктикот која се наоѓа западно од Земјата на Кралицата Мод и го образува источниот брег на Веделовото Море. Се протега во правец североисток–југозапад, помеѓу 20°00′ ЗГД и 36°00′ ЗГД. Нејзиниот североисточен дел е откриен со бродот „Скоша“ на Вилијам Спирс Брус, предводникот на Шкотскаta национална антарктичка експедиција (1902-1904 г.) Тој и го дал името во чест на Џејмс Коутс и мајорот Ендрју Коутс, двајцата главни поддржувачи на експедицијата.[1]
Истражувачки станици
уреди- база Белграно II (Аргентина)
Правополагачи на Коутсовата Земја
уредиНа источниот дел на Коутсовата Земја полага право Норвешка и сочинува дел од Земјата на Кралицата Мод. На средишниот дел полага право Велика Британија и сочинува дел од Британската Антарктичка Територија, додека пак на западниот дел полага право Аргентина и тој е дел од Аргентински Антарктик.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коутсова Земја — Информативен систем за географски имиња (GNIS) на Геолошкиот топографски институт на САД (англиски)
- ↑ „Coats Land | region, Antarctica“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 21 мај 2020.