Ејмериева Ледена Плоча

Ејмериева Ледена Плоча (англиски: Amery Ice Shelf) — широка ледена плоча во Мак. Робертсоновата Земја на Антарктикот. Сместен е меѓу Брегот на Ларс Кристенсен и Брегот на Ингрид Кристенсен.

Ејмериева Ледена Плоча
Amery Ice Shelf
МестоМак. Робертсонова Земја
Координати69°45′S 71°00′E / 69.750° ЈГШ; 71.000° ИГД / -69.750; 71.000

Крајбрежниот агол е откриен во 1931 г. и бил наречен „’рт Ејмери“, дадено од истражувачите на Британската австралиско-новозеландска антарктичка истражувачка експедиција (БАНЗАРЕ) под водство на Даглас Мосон. Наречен е по Вилијам Б. Ејмери, претставник на британската влада во Австралија (1925–28). Подоцна е утврдено е дека ’ртот е дел од ледена плоча, па во 1947 г. името е применето врз целата плоча.

Во 2001 г. научниците на Австралиската антарктичка дивизија низ мразот издупчиле две дупки и спуштиле специјално изработена опрема за земање примероци и фотографирање на морското дно. Изучувајќи го фосилниот состав на извадениот наносен материјал, тие заклучиле дека за време на климатскиот оптимум од средниот холоцен (пред 5700 години) дошло до големо повлекување на Ејмериевата Ледена Плоча, барем 80 км во копнен правец, на неговото денешно место.[1]

Во декември 2006 г. австралиски научници се упатиле на Ејмериевата Ледена Плоча за да ги испитаат огромните пукнатини кои се ширеле во изминатата деценија со стапка од 3-5 м дневно. Тие сакале да ја дознаат причината за ова, бидејќи ваква активност не е забележана уште од 1960-тите. Меѓутоа, шефот на истрагата изјавил дека е прерано за да се заклучи дека ова се должи на глобалното затоплување, и дека предизвикувач може да биде природниот циклус кој се случува на 50-60 години.[2]

Ламбертовиот Ледник истекува од Ламбертовиот Грабен и се влева во Ејмериевата Ледена Плоча од југозападната страна на зливот Придз.

Ејмериевата Котлина е подводна котлина северно од плочата.

На плочата има две поларни станици: кинеската „Џунгшан“ и руската „Прогрес“.

Ејмериевата Ледена Плоча е трета по големина на Антарктикот, веднаш по Росовата и Филхнер-Ронеовата.

Отцепување

уреди
 
Отцепување на сантата D-28

Во спетември 2019 г. од плочата се отцепила голема санта, подоцна наречена D-28. Имала површина од 1.636 км2[3] и проценета тежина од 315 милијарди тони.[4] Интересно е тоа што научниците го предвидувале отцепувањето на соседната образба наречена „лабав заб“ некаде меѓу 2010 и 2015 г., но тоа не се случило.[5]

Во февруари 2020 г. сантата D-28 се сместила до работ на плочата, и бавно пловела на север.

Во мај 2021 г. е забележано дека сантата испловила 46 степени западно од ледената плоча Крал Бодуен, судирајќи се и уништувајќи го растоварното место Кучешка Глава користено неколку години од Белгиската антарктичка програма.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Hemer, M.A., Harris, P.T., 2003. Sediment core from beneath Ејмериевата Ледена Плоча, East Antarctica, suggests mid-Holocene ice-shelf retreat. Geology 31, 127-130
  2. „Australians to study giant Antarctic ice cracks at ABC News Online (Friday, December 8, 2006. 6:29pm)“. Australian Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот на 8 јануари 2007. Посетено на 8 декември 2006.
  3. Cox, Lisa (1 септември 2019). „Giant iceberg breaks off east Antarctica“. The Guardian. Посетено на 1 септември 2019.
  4. „315 billion-tonne iceberg breaks off Antarctica“. BBC News. 25 септември 2019. Посетено на 3 октомври 2019.
  5. Amos, Jonathan (30 септември 2019). „315 billion-tonne iceberg breaks off Antarctica“. BBC (англиски). Посетено на 30 септември 2019.
  6. „DOG'S HEAD UNLOADING SITE KNOCKED AWAY BY ICEBERG FROM AMERY ICE SHELF“. International Polar Foundation. Посетено на 21 мај 2022.

Надворешни врски

уреди

69°45′S 71°0′E / 69.750° ЈГШ; 71.000° ИГД / -69.750; 71.000