Брег на Принцезата Рагнхилда
Брег на Принцезата Рагнхилда (норвешки: Prinsesse Ragnhild Kyst, англиски: Princess Ragnhild Coast) — дел од бреговата линија на Земјата на Кралицата Мод на Антарктикот помеѓу 20° ИГД и Рисер-Ларсеновиот Полуостров (34° ИГД). Целиот брег е обиколен од ледени плочи освен источниот крај.
Откриен е од Јалмар Рисер-Ларсен и Нилс Ларсен со прелет на авион од бродот „Норвегија“ на 16 февруари 1931 г. и наречен по норвешката принцеза Рагнхилда.[1] Заливот Вествика е залив на западната страна на Рисер-Ларсеновиот Полуостров; картиран е од воздушни снимки направени на експедицијата на Ларс Кристенсен во 1936–37 г. и наречен Вествика, со значење „западен залив“.[2]
Место од орнитолошка важност
уредиВо пукнатина на ледената плоча има место од 379 ха сочинето од прицврстен мраз, околу 230 км западно од Рисер-Ларсеновиот Полуостров. Овој предел е прогласен за место од орнитолошка важност од страна на BirdLife International бидејќи на него живее колонија од царски пингвини, првично откриени на сателитска снимка од 2009 г. Подоцна местото е посетено, и во 2014 г. избројани се 20.000 возрасни и младенчиња.[3]
Поврзано
уредиИзвори
уреди- Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од портали или документи од Геолошки топографски институт на САД (USGS). (англиски)
Наводи
уреди- ↑ „Брег на Принцезата Рагнхилда“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. (англиски)
- ↑ „Залив Вествика“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. (англиски)
- ↑ „Princess Ragnhild Coast“. BirdLife Data Zone. BirdLife International. 2015. Посетено на 21 ноември 2020.
Надворешни врски
уреди- Брег на Принцезата Рагнхилда — Збирен топографски речник на САД (англиски)