Лос Анџелес Лејкерс

(Пренасочено од ЛА Лејкерс)

Лос Анџелес Лејкерс (англиски: Los Angeles Lakers) е еден од двата кошаркарски тимови од Лос Анџелес (Калифорнија), кои се натпреваруваат во НБА лигата. Лос Анџелес Лејкерс биле формирани во 1946, а две години подоцна, во 1948 тие се приклучиле кон НБА лигата. Екипата се натпреварува во Пацифичката дивизија од Западната конференција во американската национална лига.

Лос Анџелес Лејкерс
Лос Анџелес Лејкерс лого
КонференцијаЗападна
ДивизијаПацифичка
Основан1947
ИсторијаМинеполис Лејкерс
(1947-1960)
Лос Анџелес Лејкерс
(1960-денес)
АренаСтејплс Центар
ГрадЛос Анџелес, Калифорнија
Бои на екипата              [1][2][3]
ПретседателЏини Бас
Генерелен мен.Роб Пелинка
ТренерФранк Фогел
Титули
17

НБА шампиони: 17

Конференциски шампиони: 19

Дивизиски шампиони: 33

Повлечени броеви8, 13, 22, 24, 25, 32, 33, 34, 42, 44, 52
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Kit body lalakers association.png
Association jersey
Kit shorts lalakers association.png
Team colours
Association
Kit body lalakers icon.png
Icon jersey
Kit shorts lalakers icon.png
Team colours
Icon
Kit body lalakers statement.png
Statement jersey
Kit shorts lalakers statement.png
Team colours
Statement
Kit body lalakers city2021.png
City jersey
Kit shorts lalakers city2021.png
Team colours
City
Kit body lalakers classic2021.png
Classic jersey
Kit shorts lalakers classic2021.png
Team colours
Classic
Лос Анџелес Лејкерс сезона 2020-2021

Тие се најуспешната франшиза во НБА со 17 шампионски титули, исто колку што има и екипата на Бостон Селтикс.[4]

ИсторијаУреди

Екипата првично била сместена во Минеаполис, во сојузната американска држава Минесота. Во тоа време освоиле шест шампиоски прстени предводени од центарот Џорџ Мајкан, кој бил познат како првата „вистинска“ НБА ѕвезда. По повлекувањето на Мајкан раководството имало финансиски потешкотии, па затоа тие се преместиле во Лос Анџелес (Калифорнија), пред почетокот на сезоната 1960/61.

Во текот на 60-тите екипата шест пати се пласирала во големото финале, но секој пат губела од Бостон Селтикс. Тогаш за Лејкерс играле Џери Вест и Елџин Бејлор, додека за Бостон настапувале Бил Расел и Боб Кузи помеѓу останатите. Уште од тогаш датира големото ривалство помеѓу овие две организации. Кон крајот на декадата во клубот пристапил Вил Чембрлен, со кого Лејкерси загубиле две финалиња во 1969 и 1970, но затоа пак во 72′ првпат се радувале на титулата по преселбата во „Градот на ангелите“.

По пензионирањето на Вест и Чембрлен, во екипата дошол Карим Абдул-Џабар, но навивачите чекале на златниот пехар сѐ до појавувањето на Меџик Џонсон. Меџик и Џабар формирале легендарно дуо кое во 9 години дури 5 пати се закитило со престижниот трофеј. Во тие 5 титули спаѓаат две победи во финалето против лутите противници од Источна Америка, Бостон Селтикс (1985 и 1987). Составот бил предводен од тренерот Пет Рајли.

Во текот на 90-тите Лејкерси биле засенети од успехот на Чикаго Булс и шутерот Мајкл Џордан. Кон крајот на таа деценија во франшизата пристигнал трофејниот тренер Фил Џексон, а нешто пред него играчите Шекил О′Нил и Коби Брајант. Со нив организацијата направила шампионски „хет-трик“ во периодот 2000-2002. Во текот на новиот милениум следеле два пораза во финалињата 2004 и 2008 од екипите на Детроит Пистонс и Бостон Селтикс соодветно. Последните две победи во финалните серии биле во 2009 и 2010 последователно.

ИграчиУреди

Моментален составУреди

Лос Анџелес Лејкерс
КЦ 0   Кајл Кузма  
Б 1   Кентевиус Колдвел-Поуп
П 2   Квин Кук
КЦ/Ц 3   Ентони Дејвис
П 4   Алекс Карузо
Б 5   Тејлен Хортон-Такер
Б 9   Весли Матјуз
К/КЦ 10   Џеред Дадли
КЦ 12   Девонти Какок
Ц 14   Марк Гасол
КЦ/Ц 15   Монтрезл Херел
П 17   Денис Шредер
К 23   Леброн Џејмс
К 28   Алфонзо Мекини
КЦ 37   Костас Адетокунбо
КЦ 88   Маркиф Морис
Главен Тренер:   Франк Фогел
  - Капитен
Ц - Центар / КЦ - Крилен центар / К - Крило /
Б - Бек / П - Плејмејкер


Повлечени броевиУреди

НаводиУреди

  1. „Media Guidelines And Policies“ (PDF). 2018–19 Los Angeles Lakers Media Guide. NBA Properties, Inc. October 16, 2018. Посетено на February 10, 2019.
  2. „Nike Jerseys“. Lakers.com. NBA Media Ventures, LLC. July 31, 2018. Посетено на February 10, 2019.
  3. „Los Angeles Lakers Reproduction Guideline Sheet“. NBA Properties, Inc. Посетено на February 8, 2018.
  4. „About STAPLES Center“. staplescenter.com. Посетено на 1 септември 2008.

Надворешни врскиУреди