Бил Расел
Вилијам Фентон „Бил“ Расел (роден на 12 февруари 1934 година во Монро, Луизијана САД) — бивш американски кошаркар, кој играше во НБА лигата од 1956 до 1969, за тимот на Бостон Селтикс. Тој е висок 206 cm, и играше на позицијата центар, и се смета за еден од најдобрите 2-3 центри во историјата на кошарката. Во својата кариера, тој беше прогласен за МВП, и во своите 13 сезони, освои 11 титули, најмногу од сите играчи. Тој влезе во „Куќата на славните на НБА“ во 1975. Негов најголем ривал беше Вилт Чембрлен од Филаделфија Севентисиксерс и подоцна од ЛА Лејкерс и често влегуваа во епски дуели, постигнувајки по педесетина поени и по дури четириесетина скокови. Бил ги губеше овие статистички битки, но секогаш беше повеќе тимски играч од Вилт, и затоа освои многу повеќе од двете титули на Вилт.[1]
Медали | ||
---|---|---|
Натпреварувач за ![]() | ||
Машка Кошарка | ||
Злато | Мелбурн 1956 |
НаводиУреди
- ↑ „The Finals MVP to Receive Bill Russell MVP Award“. NBA.com. 2009-02-14. Посетено на 2009-02-14.
Надворешни врскиУреди
- Статистички податоци за неговата кариера (англиски)
- „NBA.com“ за Расел (англиски)
- „Куќата на Славните“ за Расел (англиски)