Бистрица (Егејска Македонија)
Бистрица или Белица (грчки: Αλιάκμονας, Алиакмонас) — најдолгата река во Егејска Македонија и во цела денешна Грција, со вкупна должина од 322 км. Тече низ областа Западна Македонија (Костурскиот, Гребенскиот и Кожанскиот округ и Централна Македонија (Берско и Катеринско). Сливот зафаќа површина од 6.971,7 км2.[1]
Бистрица Αλιάκμονας | |
---|---|
![]() Течението на Бистрица на сателитска снимка | |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Слив | |
Главен извор | Грамушта |
Устие | Егејско Море 40°28′4″N 22°39′15″E / 40.46778° N; 22.65417° EКоординати: 40°28′4″N 22°39′15″E / 40.46778° N; 22.65417° E |
Сливна повр. | 6.971,7 |
Физички особености | |
Должина | 322 км |
„Бистрица“ на Ризницата |
ТечениеУреди
Реката извира во планината Грамушта (Грамос), близу границата со Албанија. Во горното течение, реката се движи на исток, а потоа кај Костур врти на југоисток. Опишува крива линија околу планината Црвена Гора, па свртува на североисток кај с. Земњач. Потоа влегува го големото вештачко Витивјанско Езеро. Југоисточно од Бер, Бистрица навлегува во Солунското Поле, подрачје од голема важност за земјоделството. На крај се влева во Солунскиот Залив западно од устието на Вардар, а источно од с. Либаново.
Бистрица минува крај следниве градови (по низводен редослед): Нестрам, Рупишта, Лапчишта, Земњач, Велвендо и Гида.
ИсторијаУреди
Според Јулиј Цезар, Бистрица претставувала граница помеѓу Македонија и Тесалија. Во горното течение одела во југоисточен правец низ Елимеја, и продолжувала на североисток, образувајќи ја границата помеѓу Пиерија, Еордеја и Иматија. Во времето на Херодот, нејзина притока била Колудеј (Лудија)[2] која се одлевала од езерото на Пела. Денес Колудеј не се спојува со Бистрица, туку се влева право во Егејското Море.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
„Бистрица (Егејска Македонија)“ на Ризницата ? |
- ↑ „Бистрица“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 156. (2009). Скопје: МАНУ.
- ↑ 7, 127