Коница (река)

река во Албанија и Грција

Коница[1] (грчки: Σαραντάπορος, Сарандапорос) — река во денешна југозападна Грција и јужна Албанија. Претставува десна притока на реката Војуша, која се влева во Јадранско Море. Долга е 50 км, од кои последните 10 км ја образуваат границата меѓу Грција и Албанија.

Коница
Sarantaporos river.JPG
Коница кај Присојани, Јанинско
ЗемјиАлбанија и Грција
Слив
Главен изворПинд, Егејска Македонија
УстиеВојуша
40°4′18″N 20°35′17″E / 40.07167° N; 20.58806° E / 40.07167; 20.58806Координати: 40°4′18″N 20°35′17″E / 40.07167° N; 20.58806° E / 40.07167; 20.58806
ТечениеВојушаЈадранско Море
Сливна повр.870 км2
Физички особености
Должина50 км
Проток
Коница (река) на Ризницата

Извира помеѓу планините Грамушта и Горуша, во Костурскиот округ, Егејска Македонија. Тече низ подрачјето околу Борботско и околината во Нестрамско, Егејска Македонија, па продолжува низ Мајсторско и Коница во Епир. Преминувајќи ја државната граница, минува низ општините Центар Лесковик во областа Горица (Корча) и Кршово во областа Ѓирокастро, Албанија. На крајот се влева во Војуша на самата граница. Сливот зафаќа површина од 870 км2, а реката има просечен годишен истек од 6,93 м3.[2]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди