Ѓоле

река во Костурско, Егејска Македонија

Ѓоле (Езерска Река[1] или Курти;[2] грчки: Γκιόλε, Γκιόλι, Голи) — река во Костурско, Егејска Македонија.[3] Долга е 10 км.

Ѓоле
Γκιόλε
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКостурско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоКостурско Езеро источно од Дупјак
 • координати40°29′13″N 21°18′33″E / 40.4870° СГШ; 21.3091° ИГД / 40.4870; 21.3091
Устие 
 • место
Бистрица јужно од Нова Костараџа
 • координати
40°25′09″N 21°20′14″E / 40.4193° СГШ; 21.3371° ИГД / 40.4193; 21.3371
Должина10 км
Особености на сливот

Местоположба уреди

Реката е единствениот истек од Костурското Езеро. Името ѝ потекнува од турскиот поим göl - „езеро“.[3] Се одлева од јужниот крај на езерото, на 1,85 км источно од Дупјак и западно од Крпени, па тече на југ со меандри. Минува под првокласниот пат од Костур за Клисура. Тече покрај Здралци, Слимништа и Нова Костараџа, па се влева во Бистрица како нејзина лева притока.

Револуционерот Георги Христов напишал за реката:

Недалеку од устието на последната (Беливод) р. Бистрица ги прибира Езерските води. Езерска Река, секогаш полноводна и постојано бистра, тече целосно тивко по длабочко корито, речиси непроодно. Тесен коридор го дели од голата каменлива и карпеста Саракина Планина.[4]

На истекот на Ѓоле од езерото е направена брана од француски инженери во 1916 г.[5] Во 1932 г. е изградена бетонска преводница со подвижни капаци за да се контролира нивото на езерото.[5][6] Подоцна вратите се заменети со електрични,[5] сместени на 550 м од бреговата линија на езерото, за да спроведување на вода во реката.[3] Експерименталното регулирање на вратите во 2016 г. го подобрило квалитетот на езерската вода од лошо во 2014 до средно во 2016 г.[7]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 5.
  2. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 42.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Ρέμα Γκιόλι“. Natura Graeca. Посетено на 23 февруари 2021.
  4. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 22. ISBN 954-90993-1-8.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Ήτανε κάποτε μια λίμνη… (φουρνέλο στις πόρτες στο Γκιόλε)“. mpetskas.com. Посетено на 23 февруари 2021.
  6. Παυλόπουλος, Κοσμάς, Αθανάσιος Σκέντος, Χρυσάνθη Κοταμπάση (2009). „Γεωμορφολογική χαρτογράφηση και μελέτη της ευρύτερης περιοχής Δισπηλιού – λίμνης Καστοριάς“. Ανάσκαμμα. Ανασκαφικό περιοδικό. Θεσσαλονίκη: Χουρμουζιάδης, Γιώργος Χαρ., 1935-2013. 3: 110. ISSN 01792-8729. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  7. „Καθάρισε η λίμνη της Καστοριάς με τη βοήθεια των θυροφραγμάτων του ρέματος Γκιόλε“. Zougla online. 5 мај 2017. Посетено на 23 февруари 2021.