Варвара (Берско)
Варвара или Света Варвара (грчки: Αγία Βαρβάρα, Агија Варвара; до 1953 година: Βαρβάραι, Варваре[2]) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Варвара Αγία Βαρβάρα | |
---|---|
Влезот во Варвара | |
Координати: 40°30′N 22°15′E / 40.500° СГШ; 22.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 80 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 896 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на околу шест километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 80 метри.[3]
Сместено е во близина на левиот ракав на реката Бистрица и големата брана. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 21 квадратен километар.[3]
Историја
уредиСелото Варвара е релативно нова населба. Изградена е по 1923 година, кога грчките власти во неа населиле 46 бегалски семејства со вкупно 399 жители, колку што селото броело во 1928 година.[3]
Стопанство
уредиНаселението во селото главно се занимава со земјоделство. Најмногу се произведува пченица, овошје, памук, бостан и други земјоделски производи, а помало внимание му се посветува и на краварството.[3]
Население
уредиПо нејзиното населување со грчките бегалци, селото забележува постојан пораст на населението, главно поради добрата местоположба и плодните обработливи површини со кои располагаат селаните. Првото бележење на селото како посебна населба било со пописот во 1928 година, кога имало 399 жители од 46 бегалски семејства. Веќе во 1940 година, бројот на жители се искачил на 549, во 1951 година имало 585, а во 1961 година дури 1.752 година. Веројатно во оваа бројка се влезени и работниците кои работеле на изградба на браната на реката Бистрица, во близина на селото. Во 1971 година, селото имало 1.167, во 1981 година 1.042, а во 1991 година 896 жители. Покрај природното зголемување на селото, бројот на жителите се зголемувал и поради доселувањата во селото, главно од попасивните села во областа.[3]
Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 797 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 896 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 549 | 585 | 1.752 | 1.167 | 1.042 | 896 | 797 | 896 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
уреди- Црква „Пресвета Богородица“ од XVΙ век, прогласена за споменик на културата
- Црква „Св. Варвара и Св. Трифун“
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Варвара, во кој покрај Варвара е единствено село.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βαρβάραι -- Αγία Βαρβάρα
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 7.