Витивјанско Езеро

вештачко езеро во Кожанско, Егејска Македонија

Витивјанско Езеро (грчки: Λίμνη Πολυφύτου, Лимни Полифиту) — вештачко езеро на реката Бистрица во Кожанско, Егејска Македонија. Создадено е во 1973 г. со изградбата на истоимената брана и зафаќа површина 73 км2, од кои 70 отсто отпаѓаат на општините Серфиџе и Велвендо. Езерото е во сопственост на Јавното електростопанско претпријатие (ДЕН), истото е отстапено на користење на мештаните за цели на риболов и екотуризам. Преку него поминуваат два моста — поголемиот Серфички мост (Υψηλή Γέφυρα Σερβίων) во средишниот дел, и помалиот Рамненски мост (Γέφυρα Ρυμνίου) на југозападниот крај.

Витивјанско Езеро
Λίμνη Πολυφύτου
Витивјанското Езеро со Серфичкиот мост
Карта
ПодрачјеКожанско, Егејска Македонија
Координати40°12′47″N 21°56′49″E / 40.21306° СГШ; 21.94694° ИГД / 40.21306; 21.94694
Етимологијас. Витивјани (денес Полифито)
Главни приливиБистрица
Главни истециБистрица
Слив{{Пб/Грешка во изразот: Неочекуван број
 |1=Грешка во изразот: Неочекуван број
}}
5 630 км2
Сливни земјиГрција
Изградено1973
Најг. должина29,5 км
Најг. ширина4 км
Површина&1000000000000007300000073 км2
Најг. длабочина46 м
Надм. височина293 м
Карта на Витивјанско Езеро

Природа и активности

уреди

Во езерските води се забележани 17 видови слатководни риби, од кои покрупните се во делтата на Бистрица. Витивјанското Езеро претставува важно станиште за грабливи птици бидејќи им овозможува храна, гнездилишта и засолништа. На неговите брегови презимуваат и разни преселни птици. Присутни се неколку видови влекачи и 10 видови цицачи.[1]

Водата ја добива од реката Бистрица и неколку поројници, на вкупна сливна површина од 5 630 км. Водостојот се движи во опсег од 15 м, што значи дека е среднопроточно. Брзата обнова на водата го држи езерото прилично чисто и овозможува разни дејности — стопански како рибарството и рибникарството, спортски активности како веслањето, разонода итн. Акумулацијата воедно ги задоволува потребите за наводнување на околното обработливо земјиште.

Во последно време е забележано прекумерно присуство на олово во водата, опишано како „умерено“.[2]

Знаменитости

уреди

На езерскиот брег во селото Хаџиомурлу (Родитис) се наоѓа црквичката „Блажен Варадат“, изграден од грчки дојденци од Мала Азија, кои претходно имале истоимена црква во с. Кувуклија кај Бурса. Има и споменик на настраданите во Грчко-турската војна од 1919 - 1922 г.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди