Арапица (грчки: Αράπιτσα) — река во Егејска Македонија која тече низ градот Негуш.

Арапица во паркот „Свети Никола“

Реката извира од планината Каракамен (Вермио) под името Селска Река (Селиотико Рема) бидејќи таму минува низ Горно Шел и Средно Шел (Горно и Средно Село). По горното течение на реката е сместен паркот „Свети Никола“ (Агиос Николаос). Арапица тече во североисточен правец и, откако ќе излезе од планински предлеи, минува низ градот Негуш и тече низ областа Сланица. Таму поминува крај селата Голишани, Берска Вештица, Воденска Вештица и се влева в реката Мегленица (Могленицас) над Ново Село (Архангелос).