Серфиџе

гратче во Кожанско, Егејска Македонија

Серфиџе (грчки: Σέρβια, Сервија; турски: Serfice; во подалечното минато: Србица) — гратче во Кожанско, Егејска Македонија, едно од поважните населени места во Кожанскиот округ во денешна Западна Македонија, Грција и седиште на општината Серфиџе.[2]. Според пописот од 2011 г. гратчето брои 3.540 жители.[3]

Серфиџе
Σέρβια
Црквата „Св. Недела“ во Серфиџе
Црквата „Св. Недела“ во Серфиџе
Серфиџе is located in Грција
Серфиџе
Серфиџе
Местоположба во Кожанскиот округ
Dimos Servion.png
Координати: 40°11′N 22°00′E / 40.183° СГШ; 22.000° ИГД / 40.183; 22.000Координати: 40°11′N 22°00′E / 40.183° СГШ; 22.000° ИГД / 40.183; 22.000
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожани
ОпштинаСерфиџе
Надм. вис.&10000000000000350000000350 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.3.540
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.505 00
Повик. бр.24640
Рег. таб.KZ
Мреж. местоdservionvelventou.gr
Серфиџе за време на Првата светска војна

Географија уреди

Гратчето е сместено на западното подножје на планината Камбуница, на десниот брег на реката Бистрица. Околу 4 км северозападно од Серфиџе се протега вештачкото Витивјанско Езеро (Полифито) пресечено со познатиот автопатен мост долг 1,37 км.[4]

Историја уреди

Среден век уреди

Царот Константин Порфирогенит во неговото дело „За управувањето на царството“, Серфиџе и подрачјето околу него во првата половина на VII век го зазеле Бугарите на Кубер како и Срби доселени од Бојка (Бела Србија) — нивната прататковина. Србите подоцна да се вратат во старата татковина, но на крајот издејствувале царот Ираклиј I да ги остави да живеат како федерати во Илирик. Името Сервија веројатно потекнува од населбата Србица кајшто тие живееле.

Во 989 г. Серфиџе влегло во Самоиловото Царство, но в 1002 г. царот Василиј II си ја повраќа тврдината, и покрај силниот отпор на командантот Никулица.[5]

На почетокот на XI век Серфиџе станало центар на една од епархиите на Охридската архиепископија. Во текот на следниве векови, заедно со Берската, оваа епархија била предмет на спорови помеѓу Охридската архиепископија и Цариградската патријаршија и повеќепати преминувала од едната во другата.[6]

Некогашната епископска Базиликата на придобиените е од X век,[7] црквата „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ е од втората половина на XI век,[8] а „Свети Бессребреници“ е од XI-XII век.[9]

Во Османлиското Царство уреди

Според грчката статистика од 1904 г., во Серфиџе (Сервија) живеат 1 000 „гркојазични Грци“ и 250 „влахојазични Грци“ (т.е. погрчени Власи), од кои ниеден не е пороманчен.[10]

Во Грција уреди

За време на Прва балканска војна во октомври 1912 г. ги поразуваат османлиските сили в Битката кај Гликово (Сарандапоро), јужно од Серфиџе. Во градот влегуваат грчки единици, па по Втората балканска војна во 1913 г. Серфиџе останува во Грција.

Во 1922 г. е иселено муслиманското наеление и доселени се грчки бегалци од Турција. Во 1928 г. Серфиџе имало мешано население од староседелци и бегалци, со 290 бегалски семејства, односно 1.112 доселени луѓе.[11]

Личности уреди

Литература уреди

  • Μαλούτας, Μηνάς Εμμ., "Τα Σέρβια, ιστορική και λαογραφική επισκόπησις", Θεσσαλονίκη 1956.
  • Τσαρμανίδης, Α.Γ., "Συμβολή στην ιστορία της επαρχίας Σερβίων, κατά την περίοδο 1350-1912. Τόμος Α', 1350-1880", Μορφωτικός Όμιλος Σερβίων "Τα Κάστρα", Σέρβια 1995.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Закон „Каликратис“ Архивирано на 12 јуни 2018 г. — Министерство за внатрешни работи (грчки)
  3. Попис 2011 Архивирано на 16 октомври 2015 г. — Статистички завод на Грција (грчки)
  4. „Νομός Κοζάνης / Τεχνητή Λίμνη Πολυφύτου“. Архивирано од изворникот на 2009-04-20. Посетено на 2016-01-24.
  5. Златарски, Васил. История на българската държава през средните векове. Том I. История на Първото българско царство. Част II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018), София, 1927, стр. 681
  6. Снегаров, Иван (1995) [1924]. История на Охридската архиепископия, т.1 (Второ фототипно издание. изд.). София: Академично издателство „Марин Дринов“. стр. 163–187, 189–194, 339–340.
  7. Αγαθονίκη. „Βασιλική των Κατηχουμένων Σερβίων“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2014-05-18. Посетено на 18 мај 2014. Укажано повеќе од еден |surname= и |author= (help)
  8. Αγαθονίκη. „Ναός Αγίων Θεοδώρων Σερβίων“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 17 мај 2014. Укажано повеќе од еден |surname= и |author= (help)
  9. Αγαθονίκη. „Ναός Αγίων Αναργύρων Σερβίων“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2014-05-19. Посетено на 18 мај 2014 г. Укажано повеќе од еден |surname= и |author= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  10. Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  11. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски уреди