Питарова Река
Питарова Река (грчки: Βαθύλακκος, Ватилакос) — река во Костурско, Егејска Македонија.[1]
Питарова Река Βαθύλακκος | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Рупишта, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Одре кај Нестиме |
• координати | 40°23′12″N 21°12′59″E / 40.3868° СГШ; 21.2164° ИГД |
Устие | |
• место | Бистрица кај Лагор |
• координати | 40°25′31″N 21°17′28″E / 40.4254° СГШ; 21.2911° ИГД |
Особености на сливот |
Реката тече низ областа Костенарија во денешната Рупишта. Извира од планината Одре источно од Нестиме и западно од Братмир, и тече на север-североисток во длабока клисура со стрмни страни. Во атарот на Шкрапари клисурата се проширува, падините ѝ стануваат поблаги и дното постепено се спушта. Кај Шкрапари реката прави речиси обратен завој и почнува да тече на југ-југоисток, одново влегувајќи во клисура од која излегува кај Бела Црква. По неколку завоја кај Песјак реката навлегува во долината на Бистрица, во која се влева како нејзина десна притока спроти некогашното село Лагор[1] под името Рекушка (Рекуска).
Речните брегови се обраснати со костенови, а потоа со дабови и лескови шуми.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 22. ISBN 954-90993-1-8.