Училиштен кружок во Солун

(Пренасочено од Училишен кружок во Солун)

Училиштниот кружок во Солун е асоцијација на македонските ученици од Солунската машка гимназија Св. Кирил и Методиј.

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет

Овој кружок бил создаден од страна на Дамјан Груев во првата половина на 1894 година, целата на Груев е преку овој кружок да се агитира меѓу повисоките класови на машката егзархиска гимназија и ширење на револуционерните идеи меѓу македонската младина [1].

Податоци за создавањето и организацијата на кружокот дава Тодор Станков. Овој кружок со Дамјан Груев одржувал врска преку ученикот Александар Хаџи Панов од Прилеп, притоа членовите на кружокот одржувале редовни состаноци со Груев, а на овие средби тој им давал револуционерна литература која тие требале да ја прочитаат до следната средба, а тогаш требало да се продискутира за прочитаното, по што Дамјан Груев го поставуваал прашањето:

Дали народот во Македонија може да се организаира за ослободување од Турците преку револуционерна борба?

Со ваквото делување учениците револуционизирале, а кружокот се ширел. Седмокласниците од гимназијата се подотвувале за идна агитација во името на организацијата низ Македонија, додека пак шестокласниците требало да го заземаат нивното место во кружокот.

Од друга страна Груев се стремел седмокласниците по завршувањето на гимназијата да останаат во Македонија, и да не заминуваат во Бугарија, бидејќи според мислењето на Груев, да се одадат на кариеризам, наука и расипништво [2].

Една недела пред завршувањето на учебаната година членовите на кружокот во станот на Петар Поп Арсов формално дале заклетва пред евангелие кама и револвер со што влегле во Македонската револуционерна организација.

Кружокот и понатаму останал активен во текот на целот егзистирање на организацијата. Треба да се истакне дека членовите на кружокот собирале пари за организацијата во зависност од имотната положба на учениците, дури имало и случаи кога некој од учениците насилно собирале пари од побогатите деца.

Дополнително на тоа некој од учениците се снабдиле со револвери, а треба да се истакне дека кукушани биле оделно организиарани во кружокот и тие за потребите на организацијата внесувале по 1 грош неделно [3].

Кружокот дополнително ќе ги револуционизира учениците во гимзазијата, така што под нејзино влијание ќе дојде до училишни бунтови во есента 1894 година и зимата 1896 година.

Постепено кружокот ќе стане извор на нов организациски кадар, и во учебната 1896/97 година ќе бидаат примени нови 22 ученика во организацијата, а меѓу нив ќе се најде идниот раководител Христо Куслев.

Извори

уреди
  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски факултет.
  2. Тодор Станков, Македонската револуционерна организација, Ил. Илинден, г.IV, 4(43), Софија, 1931.6
  3. Спомени на Христо Куслев..., 103.