Тен Копмејнерс
Тен Копмејнерс (роден на 28 февруари 1998 во Кастрикум[3]) — холандски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на холандската репрезентација.
Тен Копмејнерс | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Тен Копмејнерс[1] | ||
Роден на | 28 февруари 1998[2] | ||
Роден во | Кастрикум, Холандија | ||
Држава | Холандија | ||
Висина | м[1] | 1,84||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Јувентус | ||
Број | 8 | ||
Младинска кариера | |||
АЗ Алкмар | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2016-2018 | Јонг АЗ | 25 | (3) |
2017-2021 | АЗ Алкмар | 116 | (35) |
2021-2024 | Аталанта | 97 | (26) |
2024- | Јувентус | 11 | (1) |
Репрезентација | |||
2015 | Холандија 17 | 4 | (0) |
2015-2016 | Холандија 18 | 3 | (0) |
2016-2017 | Холандија 19 | 13 | (0) |
2017-2018 | Холандија 20 | 5 | (0) |
2018-2021 | Холандија 21 | 17 | (4) |
2020- | Холандија | 21 | (2) |
Биографија
уредиТен Копмејнерс е роден во Кастрикум,[3] град кој се наоѓа на половина час возење од Амстердам,[4] како едно од трите деца на неговите родители. Тој има брат и сестра;[4] неговиот брат Пер, кој е две години помлад од него, е исто така фудбалер и во моментов настапува за АЗ Алкмар, клубот во кој и двајцата ја започнале својата кариера.[5][6] Неговиот татко Ремко кој работи како спортски психолог, а некогаш играл бејзбол, го тренирал Тен уште од рана возраст да вежба изведување пенали со левата нога.[7]
Неговиот прекар „Кооп“ е скратеница од презимето, но често е наречен и „Робокооп“ по главниот лик од истоимениот филм од 1987 година.
Технички карактеристики
уредиТој е комплетен играч од средниот ред, левоног, опремен со одлична техника и вродени способности за организирање на играта. Благодарение на неговата тактичка флексибилност, тој може да ги покрие сите улоги во средниот ред и, доколку е потребно, може да го врати својот опсег на дејствување играјќи како централен дефанзивец (позицијата на која ја започнал својата кариера).[8][9] Иако е играч од средниот ред, тој е многу ефикасен и пред противничкиот гол, а добрата статистика на постигнати голови доаѓа благодарение на добриот удар од далечина кој го поседува како и неговиот квалитет за изведување прекини како слободни удари и пенали.[9][10][11]
Клупска кариера
уредиАЗ Алкмар
уредиКопмејнерс израснал во Северна Холандија, а првите чекори во фудбалот ги направил како младински играч на локалниот клуб, Витесе '22.[12] Во 2009 година, тој се приклучил на младинската академија на АЗ Алкмар на ниво под 12 години.[13] Оттогаш тој напредувал низ ранговите, и како дел од резервниот тим на клубот, Јонг АЗ, тој станал шампион на холандската трета дивизија во сезоната 2016–17, постигнувајќи промоција до Ерсте дивиси.[14]
На 18 август 2017 година, Копмејнерс го направил своето деби во професионалниот фудбал со Јонг АЗ во победата на гости со 3–1 над Ден Бош.[15] Набргу потоа, тој го направил своето прво деби за првиот тим, влегувајќи како замена за Алиреза Јаханбахш во последните 30 минути од поразот на домашен терен со 4-0 од Фејенорд на 1 октомври.[16] На крајот од сезоната 2017–2018, АЗ завршил на третото место и со тоа се квалификувал за Лига Европа. Во својата прва професионална сезона, тој одиграл 26 првенствени натпревари во кои постигнал еден гол (во победата со 3-0 над Утрехт).[17]
Во следната сезона, тој се етаблирал како еден од поважните играчи на клубот и незаменлив во средниот ред, играјќи во 32 од 34 првенствени натпревари на АЗ Алкмар. Покрај тоа, тој се докажал и со одличната завршница на акциите во офанзивната фаза, толку многу што постигнал дури 8 гола во првенството, завршувајќи како втор најдобар стрелец на клубот зад Гус Тил кој постигнал 12. На 2 август 2018, тој дебитирал во европските натпреварувања во победата со 2-1 над казахстанскиот клуб Кајрат, постигнувајќи го победничкиот погодок за својот тим од пенал во четвртата минута од судиското надополнување.[18]
Неговиот напредок продолжил и во сезоната 2019-2020, во која Копмејнерс одиграл 42 натпревари и постигнал 16 голови во сите натпреварувања.[19] На 1 март 2020, Копмејнерс направил додавање од 70 метри за да го изведе Усама Идриси за вториот гол на АЗ во победата од 2–0 над Ајакс, со што неговата екипа се израмнила со бодови со амстердамскиот клуб на врвот од табелата.[20] Една недела подоцна, тој постигнал два гола во победата на АЗ Алкмар со 4-0 над АДО Ден Хаг.[21] Сепак, набрзо потоа првенството било прекинато поради пандемијата на КОВИД-19 и за разлика од некој други лиги во Европа, никогаш не се доиграло до крај, што значело дека АЗ Алкмар на крајот морал да се задоволи со освојувањето на второто место заостанувајќи само по гол-разликата зад шампионот Ајакс.[22] Копмејнерс играл во сите 25 натпревари на клубот во лигата постигнувајќи 11 гола.
Во неговата четврта и последна сезона со АЗ Алкмар, Компејнерс го постигнал својот прв гол за сезоната во победата со 3-1 над Викторија П’лзењ во квалификациите за Лигата на шампионите, на 26 август 2020.[23] На 13 јануари 2021 година, постигнал два гола, од кој вториот бил посебно убав со удар со пета, за да и помогне на неговата екипа да оствари победа од 3-1 на гости против ПСВ Ајндховен.[24] Откако ја подобрил својата статистика и во оваа сезона забележувајќи 15 гола и 5 асистенции во Ередивиси, тој бил избран за Најдобар играч во првенството за сезоната 2020-2021.[3]
Копмејнерс го напуштил АЗ Алкмар кон крајот на август 2021, после вкупно 154 настапи и 43 гола за клубот.
Аталанта
уредиНа 30 август 2021 година, тој бил купен од Аталанта за околу 14 милиони евра плус 10% од идната препродажба.[25][26] Своето деби за клубот од Бергамо го направил на 11 септември во натпреварот на домашен терен против Фјорентина, влегувајќи кон крајот на местото на Матео Песина.[27][28] Својот прв гол во дресот на нероаѕурите и во Серија А го постигнал на 30 ноември, во победата со 4-0 над Венеција.[29] На 28 февруари 2022 година, на неговиот дваесет и четврти роденден, тој постигнал два гола против Сампдорија во натпреварот добиен со 4-0.[30] Првата сезона со Аталанта ја завршил со вкупно 43 настапи и 4 гола.
Следната сезона, на 1 септември 2022 го постигнал првиот хет-трик во кариерата во успехот со 3-1 против Торино,[31] станувајќи третиот Холанѓанец кој постигнал три (или повеќе) гола на еден натпревар во историјата на Серија А по Марко ван Бастен и Вим Кифт (два хет-трика во сезоната 1986-1987) со дресот на Торино.[31][32][33] Подоцна, тој постигнал уште еден во последното коло од првенството во успехот со 5-2 против Монца, затворајќи ја сезоната со двоцифрен број погодоци за првпат по доаѓањето во Серија А.[34]
Во сезоната 2023-2024, тој придонел за освојувањето на Лига Европа од страна на Аталанта, успех кој дошол после победата во финалето над Бајер Леверкузен, што претставува и првиот освоен европски трофеј во историјата на клубот.[35][36] Во првенството, тој повторно достигнал двоцифрена бројка на постигнати голови на 10 март 2024 година, постигнувајќи два гола во ремито 2-2 со Јувентус.[37] Дваесет дена подоцна, тој исто така постигнал гол во победата со 0-3 над Наполи,[38] а потоа го завршил првенството со вкупно 12 постигнати гола (од кои 10 со удари надвор од шеснаесеттникот).[11]
Јувентус
уредиНа 28 август 2024 година, тој бил купен од Јувентус,[39][40] за 51,3 милиони евра плус 6 милиони во бонуси.[41] Своето деби за Јувентус го имал на 1 септември, во натпреварот на домашен натпревар против Рома, влегувајќи на почетокот на второто полувреме на местото на Хуан Кабал.[42] Својот прв гол со бјанконерите го постигнал на 7 декември, погодувајќи ја мрежата на Болоња, во ремито 2-2 на домашен терен, во кое го постигнал првиот гол за Јувентус за намалување на негативата на 1-2.[43] Десет дена подоцна, тој исто така, постигнал гол во своето деби со Јувентус во Купот на Италија, со прекрасно изеден слободен удар во победата со 4-0 над Каљари во осминафиналето.[44]
Репрезентативна кариера
уредиКопмејнерс забележал четири настапи за холандската репрезентација под 17 години,[45] како и два настапи за таа под 18 години. Како дел од репрезентацијата под 19 години, тој играл на Европското првенство, каде стигнале до полуфиналето и загубиле од Португалија. По пет настапи за репрезентацијата под 20 години,[45] тој го направил своето деби и за репрезентацијата под 21 година на 22 март 2018 година во поразот со 4–1 од Белгија во пријателски натпревар.[46]
На 19 август 2020 година, Копмејнерс бил повикан во сениорската репрезентација на Холандија од привремениот селектор Двајт Лодевегес во прелиминарниот тим за натпреварите од УЕФА Лига на нации против Полска и Италија.[47] Истата година во октомври, тој дебитирал за Орање во пријателскиот натпревар против Мексико.[48] Во мај 2021, бил повикан од селекторот Франк де Бур за Европското првенство 2020[49] иако не одиграл ниту минута на најголемиот континентален настан, на кој Холандија била елиминирана во осминафиналето од Чешка.[50]
Својот прв настап за репрезентацијата вон пријателски натпревари го имал во квалификациите за Светското првенство 2022 против Турција на 7 септември 2021 година, придонесувајќи со асистенција во победата од 6–1.[51] Копмејнерс го постигнал својот прв гол за сениорска репрезентација против Велс во Лигата на нации на 8 јуни 2022 година.[52] Во ноември истата година бил повикан во списокот на играчи кој ја претставувале Холандија на Светското првенство 2022 во Катар; на настанот, тој играл во сите натпревари на Орање, вклучително и во четвтфиналниот пораз на пенали од Аргентина. Во натпреварот кој го добил епитетот Битката кај Лусаил, Копмејнерс се појавил од клупата и му асистирал на поранешниот соиграч од АЗ Алкмар, Ваут Вегхорст, за израмнувачкиот погодок за 2-2 во 11-тата минута од судиското надополнување со што натпреварот отишол во продолженија. Откако натпреварот потоа стигнал до изведување пенали, тој го реализирал и својот пенал, но не можел да спречи Холандија да биде елиминирана по ударите од белата точка со резултат 4–3.[53]
На 29 мај 2024 година, Копмејнерс бил избран во тимот на Холандија за Европското првенство 2024.[54] Сепак, тој бил принуден да се повлече откако се здобил со повреда пред пријателскиот натпревар против Исланд на 10 јуни 2024 година.[55]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистикате е ажурирана на 17 декември 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2016-2017 | Јонг Аз | ТД | 19 | 2 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 19 | 2 |
2017-2018 | ЕР | 6 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 6 | 1 | |
Вкупно Јонг Аз Алкмар | 25 | 3 | - | - | - | - | - | - | 25 | 3 | |||||
2017-2018 | Аз Алкмар | Е | 26 | 1 | КХ | 5 | 0 | - | - | - | - | - | - | 31 | 1 |
2018-2019 | Е | 32 | 8 | КХ | 4 | 0 | ЛЕ | 1[56] | 1[56] | - | - | - | 37 | 9 | |
2019-2020 | Е | 25 | 11 | КХ | 3 | 1 | ЛЕ | 14[57] | 4[58] | - | - | - | 42 | 16 | |
2020-2021 | Е | 31 | 15 | КХ | 1 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 2[56]+6 | 1[56]+1 | - | - | - | 40 | 17 | |
авг. 2021 | Е | 2 | 0 | КХ | 0 | 0 | ЛШ | 2[56] | 0 | - | - | - | 4 | 0 | |
Вкупно Аз Алкмар | 116 | 35 | 13 | 1 | 25 | 7 | - | - | 154 | 43 | |||||
авг. 2021-2022 | Аталанта | А | 30 | 4 | КИ | 2 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 5+6 | 0 | - | - | - | 43 | 4 |
2022-2023 | А | 33 | 10 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 35 | 10 | |
2023-2024 | А | 34 | 12 | КИ | 5 | 3 | ЛЕ | 12 | 0 | - | - | - | 49 | 15 | |
Вкупно Аталанта | 97 | 26 | 9 | 3 | 23 | 0 | - | - | 129 | 29 | |||||
2024-2025 | Јувентус | А | 12 | 1 | КИ | 1 | 1 | ЛШ | 5 | 0 | СИ+Скп | 0 | 0 | 18 | 2 |
Вкупно во кариерата | 250 | 65 | 23 | 5 | 53 | 7 | - | - | 326 | 77 |
Репрезентативна статистика
уредиСтатистикате е ажурирана на 17 декември 2024.[59]
Репрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Холандија | 2020 | 1 | 0 |
2021 | 2 | 0 | |
2022 | 12 | 1 | |
2023 | 5 | 1 | |
2024 | 3 | 1 | |
Вкупно | 23 | 3 |
Хет-трикови
уредиХет-трикови | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Титули
уредиКлупски
уредиАталанта
уреди- Лига Европа : 1
- 2023-2024
Индивидуални
уреди- Тим на сезоната на УЕФА Лига Европа : 2023-2024
- Серија А Тим на годината : 2023-2024
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „FIFA World Cup Qatar 2022™: List of Players: Netherlands“ (PDF). FIFA. 15 November 2022. стр. 20. Архивирано (PDF) од изворникот 18 December 2022. Посетено на 15 November 2022.
- ↑ „Teun Koopmeiners | Netherlands | UEFA Nations League“. UEFA.com. Посетено на 13 June 2023.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Teun Koopmeiners“. Juventus.
- ↑ 4,0 4,1 . footballbiography.com. 1 август 2024 https://footballbiography.com/dutch-footballer-teun-koopmeiners-resilient-journey-soccer-success/. Посетено на 9 декември 2024. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „Koopmeiners grapt over broertje: 'Door jou heb ik straks een voorletter op m'n rug!'“ (холандски). Посетено на 2021-05-27.
- ↑ „Peer Koopmeiners - profilo“. Посетено на 2024-08-28.
- ↑ „Teun Koopmeiners dal baseball al calcio“ (италијански). Посетено на 2024-08-28.
- ↑ „Koopmeiners, il centrocampista goleador che piace alla Lazio“. 4 јуни 2019.
- ↑ 9,0 9,1 „15 talenti da seguire tra Eredivisie e Jupiler League“. 24 јануари 2019. Посетено на 2021-05-27.
- ↑ „AZ, Koopmeiners continua a incantare: sale a 16 gol e diventa sempre più uomo-mercato“. Посетено на 2021-04-02.
- ↑ 11,0 11,1 „Il 2023/24 di Teun Koopmeiners“. 2024-06-17. Посетено на 2024-08-29.
- ↑ „Teun Koopmeiners maakt competitiedebuut bij AZ“. vitesse22.nl (Dutch). 3 October 2017. Архивирано од изворникот на 2021-08-02. Посетено на 22 October 2019.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Spelerspagina van AZ“. az.nl. AZ Alkmaar. Архивирано од изворникот на 2021-04-21. Посетено на 22 October 2019.
- ↑ „Jong AZ promoveert naar Jupiler League dankzij titel in Tweede Divisie“. nu.nl (Dutch). 1 April 2017. Посетено на 22 October 2019.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „FC Den Bosch vs. Jong AZ – Football Match Report“. ESPN. 18 August 2017. Посетено на 21 October 2019.
- ↑ „AZ vs. Feyenoord – 1 October 2017“. Soccerway.
- ↑ „T. Koopmeiners“. Soccerway.
- ↑ „Europees avontuur AZ voorbij na blamage tegen Kairat“ (холандски). NOS. 2 август 2018. Посетено на 16 декември 2024.
- ↑ „Games played by Teun Koopmeiners in 2019/2020“. Soccerbase. 25 September 2020. Посетено на 25 September 2020.
- ↑ „Dank 70-Meter-Pass: Alkmaar holt Ajax in der Eredivisie ein“. kicker (German). 1 March 2020. Посетено на 2 March 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Zwak ADO Den Haag hard onderuit in Alkmaar“ (холандски). omroepwest.nl. 7 март 2020. Посетено на 16 декември 2024.
- ↑ „AZ Alkmaar's title chase is over but is this Europe's best academy?“. Sky Sports. 25 September 2020. Посетено на 26 August 2020.
- ↑ „Champions League qualifiers round-up: AZ Alkmaar survive scare to progress“. Sky Sports. 25 September 2020. Посетено на 26 August 2020.
- ↑ „AZ verslaat PSV in Eindhoven: 1-3“. RTL Nieuws. Посетено на 4 February 2021.
- ↑ „Bilancio Consolidato Atalanta al 30.06.2022“ (PDF) (италијански). Посетено на 2024-06-04.
- ↑ „Benvenuto Koopmeiners!“. Посетено на 2021-08-31.
- ↑ „Atalanta-Fiorentina 1-2“. Посетено на 2021-10-01.
- ↑ „Con la Fiorentina esordio di Koopmeiners“. Посетено на 2021-10-01.
- ↑ „Atalanta-Venezia 4-0“. Посетено на 2021-12-01.
- ↑ „Troppa Atalanta per la Sampdoria: 4-0 al Gewiss“. Посетено на 2022-09-01.
- ↑ 31,0 31,1 „Serie A, Atalanta-Torino 3-1: Koopmeiners show, Gasperini agguanta la Roma in vetta“. Посетено на 2024-08-29.
- ↑ „Atalanta-Torino LIVE“. Посетено на 2022-09-01.
- ↑ „Koopmeiners volgt voorbeeld Wilkes, Kieft en Van Basten met hattrick in Serie A“ (холандски). 1 септември 2022. Посетено на 2024-08-29.
- ↑ „Serie A: super Koopmeiners riporta l'Atalanta in Europa League, il Bologna passa a Lecce“. Посетено на 2024-08-29.
- ↑ Matteo Brega (22 мај 2024). „Lookman e Gasp portano l'Atalanta nella storia: Bayer travolto, l'Europa League è sua“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 23 мај 2024.
- ↑ Carlos Passerini; Maria Strada (22 мај 2023). „Atalanta-Bayer Leverkusen: 3-0, Tripletta di Lookman! Il risultato della finale di Europa League“. Corriere della Sera. Посетено на 23 мај 2023.
- ↑ „Serie A, Juve-Atalanta 2-2: bianconeri sorpassati dal Milan“. Посетено на 2024-08-29.
- ↑ „Serie A, Napoli-Atalanta 0-3: la Dea passeggia al Maradona e spegne i sogni Champions di Calzona“. Посетено на 2024-08-29.
- ↑ „Koopmeiners ceduto a titolo definitivo“. 28 август 2024.
- ↑ „Ufficiale | Teun Koopmeiners è un nuovo giocatore della Juventus“. 28 август 2024. Посетено на 29 август 2024.
- ↑ „Accordo con l'Atalanta per l'acquisizione definitiva del calciatore Koopmeiners“ (PDF). 28 август 2024.
- ↑ „Juve, passo indietro e nessun gol: la Roma esce dallo Stadium con un punto“. La Gazzetta dello Sport. 1 септември 2024.
- ↑ „Koop e Mbangula salvano una brutta Juve, ma Motta non vince mai: Bologna raggiunto al 92'“. La Gazzetta dello Sport (италијански). Посетено на 2024-12-07.
- ↑ „Coppa Italia: la Juventus batte il Cagliari 4-0 e accede ai quarti LE FOTO - Calcio - Ansa.it“. Agenzia ANSA (италијански). 2024-12-17. Посетено на 2024-12-18.
- ↑ 45,0 45,1 „Koopmeiners Profile“. Royal Dutch Football Association (холандски). Посетено на 23 July 2024.
- ↑ „Matchdata“. Royal Dutch Football Association (холандски). Посетено на 23 July 2024.
- ↑ „Voorlopige Oranjeselectie bestaat uit 32 spelers“ [Provisional Oranje squad consists of 32 players]. KNVB Media (холандски). 19 August 2020. Посетено на 25 September 2020.
- ↑ „Mexico spoil De Boer debut with deserved win“. Reuters. 7 October 2020.
- ↑ „Frank de Boer maakt EK-selectie bekend“ (холандски). Посетено на 2021-05-27.
- ↑ „Europei, Olanda-Repubblica Ceca 0-2: de Ligt tradisce gli orange, Holes e Schick portano i cechi ai quarti“. 27 јуни 2021. Посетено на 2021-06-29.
- ↑ „Netherlands 6-1 Turkey: Turkish delight for hat-trick hero Depay“. Dutch News. 7 September 2021. Посетено на 23 July 2024.
- ↑ „Koopmeiners schiet diagonaal de 1-0 binnen tegen Wales“. Nederlandse Omroep Stichting (холандски). 8 June 202. Посетено на 23 July 2024.
- ↑ „World Cup: Argentina reach semi-finals after dramatic penalty-shootout win“. BBC Sport. BBC. Посетено на 23 July 2024.
- ↑ „Netherlands Euro 2024 squad: Ian Maatsen dropped, Georginio Wijnaldum and Daley Blind retained“. The New York Times. 29 May 2024. Посетено на 7 June 2024.
- ↑ Hayes, Apollo (11 June 2024). „Juventus target Koopmeiners ruled out of Euro 2024 through injury“. Football Italia. Посетено на 11 June 2024.
- ↑ 56,0 56,1 56,2 56,3 56,4 Во квалификациските кола
- ↑ 6 настапи во квалификациските кола
- ↑ 1 rete nei turni preliminari
- ↑ „Teun Koopmeiners“. EU-Football.info. Посетено на 7 September 2021.
Надворешни врски
уреди„Тен Копмејнерс“ на Ризницата ? |