Сѐ за Македонија (споменик)

Сè за Македонија или Споменикот на Тодор Александров е архитектонски склулптурен споменик посветен на Тодор Александров и дејците од македонското револуционерно ослободително движење. Тој се наоѓа во градот Ќустендил, Бугарија, сместен е во центарот на паркот меѓу зградите на општинската и регионалната администрација.

Реакција за убиството на Александров од страна на ќустендилското граѓанство

уреди

Познатиот македонски револуционер, член на Централниот комитет на Внатрешната македонска револуционерна организација Тодор Александров е убиен на 31 август 1924 година во близина на селото Сугарево. Дури на 15 септември 1924 попладне веста за убиството се проширила во Ќустендил. Во градот настапила општа жалост, а на централниот градски плоштад "Свети Свети Кирил и Методиј" се исполнил со многуилјаден народ. Од балконот на читалиштето зборувале Владимир Куртев и Панчо Тошев.

На 21 септември на плоштадот се служел парастос во чест на загинатиот. Градоначалникот Иван Жабински објавил преименувањето на ул. "Славјанска" во бул. "Тодор Александров". Панихидата завршила со спонтана манифестација пред читалиште со говорот на Владимир Куртев. Весник "Куриер" од 21 септември бил целосно посветен на Тодор Александров. Во својата статија, Добри Данов напишал:

„…Тој го сакаше нашиот убав град, зошто тука свое засолниште наоѓаа... сите титани на светото македонско дело…“.

Прв споменик

уреди
 
Споменикот кон крајот на 20 - те години на 20 век

На иницијатива на друштво "Илинден" и Македонското благотворително братство "Свети Свети Кирил и Методиј " [1], на 30 ноември 1924 година во Ќустендил се формирала фондацијата "Тодор Александров", со цел поставување на биста со ликот на Тодор Александров на почетокот на булеварот што носи неговото име во Ќустендил, дел од собраните средства требало да се разделат како помош семејството на Александров. Бил изработен статут и е избран основачкиот комитет од 45 лица, управуван од комисија со претседател Владимир Куртев, потпретседател Димитар Стојанов, секретар-благајник Ангел Узунов и членови: Панчо Тошев, Асен Касабов, Димитар Дојчинов, Јако Барухов.

Изработката на споменикот е доверена на вајарот Андреј Николов, кој неодамна се вратил од Италија. Тој изработил бронзениот лик на војводата во штит како ореол, прегрнати со дабови гранчиња. Главниот камен на споменикот е положен на 7 август 1927 година од претседателот на Македонскиот национален комитет д-р Константин Станишев, во присуство на Марија, мајка на Александров, сопругата Вангелија и децата Александар и Марија. Споменикот е откриен на 1 ноември 1928 година. Во својата репортажата за настанот, списанието Илустрација Илинден напишало:

Споменикот на Тодор Александров успеал во студената бронза да ја изрази огнената и голема душа на македонскиот револуционер во еден лик, колку суров и строг, толку гален и мил. Споменикот гледа кон Македонија, а Македонија со тажно лице и насолзени очи гледа од Руен кон своето скапо чедо и праќа благодарност кон родољубивиот и мил Ќустендил. Слава на Тодора! Слава на ќустендилското граѓанство!

Првично споменик се наоѓал источно од централниот градски плоштад, во паркот пред зградата на општината. Во 1934 година по 19-то мајски државен удар бил реместен на крајот од паркот, а во 1946 година новата комунистичка власт го уништува.

Втор споменик

уреди
 

На 8 јуни 1990 година во Ќустендил се одржува основачкото собрание на Македонското друштво "Св Свети Кирил и Методиј ". Првата значајна јавна манифестација на друштвото, е обновата на споменикот на Тодор Александров во Ќустендил. Се создал иницијативен комитет, а за собирање на средства за реконструкцијата, иницијаторите излегле со специјално соопштение.

 
Во задниот дел од споменикот се наоѓа со листа со имињата ма истакнати дејци од ВМОРО и ВМРО, загинати за слободата на Македонија.

Архитектонската скица на споменикот е создадена од архитектот Јан Фрков и подготвена од архитектот Минчев. Споменикот е вратен во видот во кој бил изработен од Андреј Николов. Градежниот дел е доделен на софиската фирма "Фуми". Средствата се обезбедени од ВМРО-Сојуз на македонските друштва.

Непосредно пред завршувањето на споменикот, општинските раководство на БЗНС "Никола Петков" поднело приговор и изградбата била привремено прекината. Спорот бил префролен до Постојаната комисија за култура до Народното собрание, Бугарската православна црква и други институции и изградбата продолжила. Споменикот е изработен од бел камен. Над бистата на војводата се чита натпис "Сè за Македонија". Новиот споменик на Тодор Александров е откриен официјално во декември 1991 година во присуство на многу ќустендилци и гости од земјата. На отворањето на споменикот говор одржила и ќерката на војводата - Марија Коева.

Загинати за слободата на Македонија

уреди

На задниот дел од споменикот се прицврстени три спомен плочи со имињата на видни дејци на Македонската револуционерна организација, Македонскиот комитет и ВМРО, загинати за ослободувањето на Македонија.

Извори

уреди
  1. Митев, Денчо, Македонското благотворително братство „Св. Св. Кирил и Методий“ в Кюстендил 1919–2010 г., Кюстендил, 2011 г., с. 28-32 и 49-52.