Владимир Куртев (Плевен, 19 октомври 1888Софија, 1946) – Бугарин, учесник во македонското револуционерно движење.

Владимир Куртев
Роден 19 октомври 1888
Плевен
Починал 1946
Софија
Националност Бугарин

Животопис

уреди

Завршил историја и географија на Софискиот универзитет. Како ученик станал член на ВМОРО (1905), четник во четата на тиквешкиот војвода Д. Даскалов (1907), учествувал и во Битката кај „Ножот”. По Првата светска војна бил професор и директор на гимназијата во Ќустендил, претседател на друштвото „Илинден”, близок соработник на Иван Михајлов, пунктов началник на ВМРО во Ќустендил (1926), резервен член (1928) и член на ЦК на ВМРО (1932). Во 1946 бил уапсен од властите и стрелан.[1]

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 779. ISBN 978-608-203-023-4.