Панчо Константинов

Панталеј (Панчо, Пано) Константинов (10 јули 1881, Велес25 јуни 1906, Куртов Камен) — македонски револуционер, велешки војвода на Македонската револуционерна организација.

Панчо Константинов
Роден 10 јули 1881
Велес,  Османлиско Царство
Починал 25 јуни 1906(1906-06-25) (возр. 25)
Куртов Камен,  Османлиско Царство

Животопис

уреди
 
Четата на Панчо Константинов (седнатиот во средината), 1905 година.
 
Четата на Панчо Константинов.

Панчо Константинов е роден на 10 јули 1881 година во Велес, тогаш под Османлиското Царство. Го завршува петтиот клас на Првата машка софијска гимназија, а после тоа продолжува во Военото училиште, кое го завршува во 1903 година. После Военото училиште постапува во служба на Тринаесеттиот рилски полк во армијата на Царството Бугарија. Како подпоручник учествува во Илинденското востание и раководи чета во борби, меѓу кои битки на врвот Китка и на Султан Тепе.

Во Велес, Панчо Константинов го заменува на 20 мај 1905 година убиениот велешки војвода Стефан Димитров. Стефан Аврамов за Панчо Константинов пишува:

Панчо бѣше съвсемъ непретенциозенъ, съвършено изоставилъ себеси, но пъкъ извънредно копнеещъ да види окончателно очистенъ района си отъ сръбската пропаганда. Той искаше да всѣка цена да издигне своя районъ въ организационно отношение на оная висота, на каквато се радваха не малко райони въ Битолско. Той ни най-малко не жалѣше своя животъ, а водѣше боеветѣ съ открити гърди, заявявайки предъ четницитѣ и милицията: ние ще паднемъ въ тая ожесточена борба — борба за животъ и смърть между насъ и сръбската пропаганда — нашитѣ малки братчета ще ни заместятъ, но Велешко трѣбва да се изчисти отъ пропагандата. Той се кали въ тежката борба. Него сънъ го не ловѣше, до като не извърши предприетата задача. Той стана любимецъ и на четници и на населението и на всички дейци, преминаващи презъ Велешко на пѣть за Битолско.[1]

Во 1905 и 1906 година Панчо Константинов привлекува во четата редици паметни и по-образовани четници, за да даде отпор на српските чети, кои после Илинденското востание станаа многу активни во Велешко. Четниците на Панчо се Тодор Дочев[2] и Темелко Наумов[3]. Четата на Панчо Константинов ги зајакнуваше позициите во неколкуте велешки села каде што се појавуваше србоманството и нејзината пропаганда. Четата на Панчо казнува неколку шпиони Србомани, кои биле во услуга на српските чети.

На 19 јуни 1905 година во велешкото село Степанци четата на Панчо Константинов водеше битка со српската чета на Глигор Соколовиќ - Љаме, но се повлекува при пристигањето на турски аскер. На крајот на месецот јуни 1905 година се соединува со четите на охридскиот војвода Дејан Димитров, прилепскиот Георги Ацев и кичевскиот војвода Петар Радев - Пашата. На 27 јуни 1905 година велешата чета на Панчо води битка против четата на Глигор Соколовиќ на врвот Мукос на планината Бабуна, каде што Панчо Константинов и неколку комити се ранети, а еден убиен.

Ма 18 април 1906 година, четите на војводите Боби Стојчев и Панчо Константинов се опколени од 3000 души турски аскер во манастирот Свети Јован Ветерски кај селото Ветерско, Велешко. Битката се води цел ден и положението на опколените чети станува критично. Со доаѓањето на ноќта четите се пробиват од турскиот обрач и се спасуваат. На 25 јуни 1906 година четата на подпоручник Панчо Константинов паѓа во заседа во месноста Куртов Камен близу Јакупица, организирана од српските војводи Глигор Соколовиќ и Јован Бабунски. Во нерамната битка Панчо Константинов загинува, а неговото место за велешки војвода е назначен Тодор Дочев.

Белешки

уреди
  1. Аврамовъ, Стефанъ. „Революционни борби въ Азоть (Велешко) и Порѣчието“, Материали за историята на македонското освободително движение, книга X, Македонски Наученъ Институтъ, София 1929
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 52.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 165.