Коста Мазнејков
Коста Мазнејков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.
Коста Мазнејков | ||
Роден | 1882 Струмица, Отоманско Царство, денес Македонија | |
---|---|---|
Починал | 24 март 1903 Ињево, Радовишко, Македонија |
Животопис
уредиКоста Мазнејков е роден во 1882 година во Струмица, денешна Република Македонија. Бил ученик во селата Робово и Добрејци, а во периодот од 1899-1901 година заминал за Бугарија. По враќањето од Бугарија, тој станал радовишки регионален војвода на ВМОРО.
Во 1903 година дошло до обединување на неколку чети, и тоа четите на Христо Чернопеев, Коста Мазнејков, Тимо Ангелов и Никола Дечев.
Мазнејков учествувал во Битката кај Готен, на планината Готен, Малешевско[1].
Во Битката кај Ињево, која се одвила на 24 март 1903 година, Мазнејков заедно со околу 15 души загинал во борба против турскиот аскер.[2]