Константин Кирков
Константин Кирков (познат и како Костадин Кирков; 1882 - 18 април 1903) — македонски револуционер - анархист, член на тајниот терористички кружок Гемиџии кој ги извел познатите Солунски атентати кон крајот на април 1903 година во Солун.
Константин Кирков | ||
![]() | ||
Роден | Велес, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 18 април 1903 Солун, Отоманско Царство |
Животопис уреди
Роден е во Велес во видно македонско трговско семејство. Го сметале за инкарнација на „возвишен идеализам“, за голем индивидуалист и фанатичен приврзаник на анархизмот. Надворешно важел за младич со префинет изглед.
На 28 април 1903 година (нов стил) Кирков прво ги минира цевките низ кои поминува вода и гас кај т.н. серска железничка станица во Солун, а потоа фрла една бомба помеѓу луѓето пред „Гранд Хотел“.[1]
На 18 април загинал при обидот да ја крене во воздух телеграфската станица во текот на Солунските атентати, а тоа воедно бил и последен атентат.[2][3][4]
Кирков бил вљубен во убавата внука на сопственикот на тогашната Отоман банк, Алис.
Наводи уреди
- ↑ Павел Шатев, „Солунскиот атентат и заточениците во Фезан“, глава 4.
- ↑ Шатев, Павел. „В Македония под робство“, Издателство на ОФ, София, 1983, стр. 364-369.
- ↑ Кратки биографии на атентаторите
- ↑ „Гяурски, Мариан. „Анархизмът в македоно-одринското националнореволюционно движение: Солунските атентатори"“. Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на 2011-01-22.
Литература уреди
- Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје.
- К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985.