Петар Васков
Петар Васков — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Петар Васков | ||
Роден | 18 мај 1875 Велес, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 10 ноември 1907 Лаџаќој, Западна Тракија[1] |
Животопис
уредиРоден е во Велес. Брат е на Панче Васков. Член на тајниот училиштен револуционерен кружок во Солунската машка гимназија (1894-95). Во 1896 година завршува физика и математика во висока школа во Софија. Учителствува во Лом, Видин и Силистра, а од 1898 до 1900 година во Одринската егзархиска машка гимназија. Во Едрене станува член на окружниот револуционерен комитет на ВМОРО. Бил отпуштен од гимназијата поради револуционерна дејност, станува учител во Сливен. Во 1902 година се вработил во Школата за резервни офицери во Софија.
За време на Илинденското востание во 1903 година е војвода во Демирхисарско и е ранет за време на борба. Во февруари - април 1904 година, заедно со Марко Секулички и Христо Настев, го раководел Ќустендилскиот пограничен пункт на ВМОРО. Одржувал контакти со задграничните претставници Христо Матов, д-р Христо Татарчев. Го помагал преминувањето на четите на Апостол, Лука Иванов, Христо Чернопеев и други. Од 1904 до 1907 година повторно е учител во Одринската гимназија и во овој период бил претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет. Загинува заедно со Лазар Маџаров, Ѓорѓи Гешанов, Чанко Карабраканов и Јанаки Милков во борба со Турците во кај тракиското село Лаџаќој,[2] Дедеагачко (денес Грција) [3][4].
Наводи
уреди- ↑ Обезбългаряването на Западна Тракия 1919–1924 г. Анастасъ Разбойниковъ, Тракийски Наученъ Институтъ, библиотека „Тракия” № 12, София, 1940 г. стр. 62-63.
- ↑ Списание Тема, Шепа камъчета за спомен - 2, Искра Цекова, "Дойдат ли българите, да ги заведеш на мястото, където лежат костите на убитите войводи и четници", зарекла внучката си българка от Беломорското село Лутра.
- ↑ Биография от сайта на ВМРО[мртва врска]
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 25.