Андреј Казепов
Андреј Казепов ( 1878, Јанковец, Ресенско - 11 април 1903, Сенокос, Пиринска Македонија) — македонски револуционер, кресненски војвода и учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Андреј Казепов | ||
Роден | 1878 Јанковец, Ресенско, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 11 април 1903 Сенокос, денес Бугарија |
Животопис
уредиКазепов е роден 1878 година во горнопреспанското село Јанковец, тогаш во Отоманското Царство. Учел во Цариград и во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ (1896 - 1899). Завршил во Битолската егзархиска гимназија, каде што учител му бил Дамјан Груев. Во Битола, заедно со Георги Баждаров, Трпен Марков, Георги Христов и Георги Тодоров формирал ученички револуционерен кружок, на чело со Марков [1][2].
Учителствувал во Банско (1900 - 1901) и Струмица (1901 - 1902). Поради револуционерната дејност бил забележан од страна на властите и бил принуден да емигрира во Бугарија. Во април 1902 година се вратил во Македонија и влегол во четата на Јане Сандански. За време на Илинденското востание дејствувал во IV востанички округ - Пирин. По поразот на востанието од пролетта 1904 година бил кресненски војвода на Организацијата и загинал во борба со османлискиот аскер во близина на пиринското село Сенокос.
Во чест на покојниот Андреј Казепов, името Казепов е прифатено од Георги Стојанов, кој станал познат како Георги Казепов.
Наводи
уреди- ↑ Баждаров, Георги. „Моите спомени“.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 136.