Георги Ацев
Георги Гога Ацев ( 1883, Ореовец Прилепско - 25 јуни 1906, Крапа, Поречко), познат и како Срцето[1][2] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и прилепски војвода на Македонската револуционерна организација.[3][4]
Георги Ацев | ||
Роден | 1883 Ореовец, Прилепско, Отоманско Царство (денешна Македонија) | |
---|---|---|
Починал | 25 јуни 1906 Крапа, (денешна Македонија) |
Животопис
уредиГеорги Ацев е роден во текот на мај 1883 година во прилепското село Ореовец, тогаш во Отоманското Царство. Завршил во Скопското бугарско педагошко училиште, а потоа станал учител во Тиквешкото село Страгово.[5]
Стапил во редовите на ВМОРО пред Илинденското востание, во кое неговите браќа Мирче и Петар бил војводи. Зимата 1904 година станал четник во четата на брат му Петар, а од 1905 година, по заминувањето на Петар Ацев за Бугарија, го заменил, и станал војвода на четата.[5] Георги Ацев водел редица борби со османлиските чети, како и со чети на српската и грчката пропаганда во Македонија.
Во текот на летото 1905 година, кај селото Полог ја разбил андартската чета од 25 души од блиските гркомански села,[6], веројатно четата на Петар Сугарев.
Во текот на летото 1906 година, бил предаден при акција во поречкото село Крапа, а четата му бил нападната од четата на Глигор Соколов. При престрелката со српските чети на планината Даутица, бил ранет, и за да не биде фатен жив, се самоубил.[7][8]
Галерија
уреди-
Четата на Георги Ацев
-
Георги Ацев, Наум Јосифов и Петар Георгиев
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 65
- ↑ Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.94
- ↑ Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 24
- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 52. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 5,0 5,1 Ацев, Петър. Спомени, Софија 2011, с. 109-110.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том 2, Софија, 1943, стр. 212 Архивирано на 13 декември 2012 г.
- ↑ Енциклопедия „България“, том 1, Издателство на БАН, Софија, 1978, стр. 161.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 13.