Александар Китанов
Александар Китанов, познат Санде или Сандо Ајдучки, со псевдоним Струмски [1] ( 1881, Лешко, Горноџумајско - 23 декември 1906, Русиново, Беровско) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Александар Китанов | ||
Роден | 1881 Лешко, Горноџумајско, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 23 декември 1906 Русиново, Беровско, Македонија |
Животопис
уредиАлександар Китанов е роден во Горноџумајско село Лешко, тогаш во Отоманското Царство, денес Пиринска Македонија. Брат е на друг активен деец на Организацијата Петар Китанов. Студирал во егзархиското училиште во Горна Џумаја. Завршил во Скопското егзархиско педагошко училиште и работел како учител во Лешко, а од 1900 година во егзархиското училиште во Горна Џумаја. Во Организацијата влегол уште како ученик. Во Горна Џумаја станал член на градскиот комитет.
Учествувал во аферата Мис Стоун во 1901 година. Станал илегален во четата на Христо Чернопеев. Подоцна бил четник со Гоце Делчев и Крсто Асенов. По Илинденското востание Александар Китанов бил околиски војвода во Малешевијата и Кукушко. Го придружувал Даме Груев низ неговата обиколка низ Македонија.
Заедно загинале во борба со турскиот аскер на 23 декември [2] 1906 година кај селото Русиново [2] 1906 година край село Русиново.[3][4][5].
-
Во четничка униформа
-
Сандо Китанов и Даме кај Аматовското Блато
-
Портрет
Наводи
уреди- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
- ↑ 2,0 2,1 10 декември стар стил.
- ↑ Гоцев, Славе. „Национално-революционни борби в Малешево и Пиянец 1860–1912“, стр. 205-209
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 77.
- ↑ Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 433 - 434.