Дине Абдураманов (? - 1902) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, и член на Македонската револуционерна организација.[1]

Дине Абдураманов
Роден Пателе, Отоманско Царство (денешна ГрцијаГрција)
Починал 13 јуни 1902
Пателе, Отоманско Царство

Животопис

уреди

Дине Абдураманов е роден во селото Пателе, Леринско. Се вклучил во редовите на ТМОРО во 1896 година, и бил еден од првите членови на Организацијата во Леринско. Учествувал во зацврстувањето на мрежата на ТМОРО во овој дел на Македонија.

Во 1901 година, станал комита во четата на војводата Марко Лерински. Дине Абдураманов бил заобиколен во неговото родно село Пателе од турската војска. Војската пред себе ги носела неговата жена и најблиските од семејството со цел да го натера да се предаде. Откако ја потрошил муницијата, со јатаган во рацете се спротивставил на турската војска, при што загинал.[1]

Наводи

уреди
  • Христо Силјанов: Ослободителните борби на Македонија, том I, предговор и редакција Иван Катарџиев, Скопје, 2003, стр. 177
  • Зоран Тодоровски, Георги Поп Христов: Спомени, Скопје, 2014, стр. 125-126
  1. 1,0 1,1 Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 1