Никола Дечев (1880-1903) — македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација / ТМОРО, војвода во Велешко Македонската револуционерна организација.[1]

Никола Дечев
Роден 1880
Стара Загора, Р. Бугарија
Починал 1903
Луково, Кратовско

Животопис уреди

Роден во 1880 година, во Стара Загора. Во 1900 година бил секретар во четата на војводата Андон Ќосето, а во 1901 година бил помошник војвода на Христо Чернопеев во Горноџумајско. Во 1902 година бил назначен за војвода во Велешко. Пред Востанието бил задолжен, заедно со Борис Сарафов, да изготви т.н. Востанички дисциплински устав за Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО. Во септември 1903 година повторно се обидел со уште неколкумина војводи и чети да навлезе во внатрешноста на Македонија.

По битка со турската војска кај селото Луково, Кратовско, откако бил тешко ранет, се самоубил.

Наводи уреди

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 88.