Иван Жилев — македонски револуционер.

Иван Жилев
Роден 1861
Горно Броди, Серско, Егејска Македонија
Починал 12 октомври 1907
Сер, Егејска Македонија

Жилев е роден во село Горно Броди, Серско. Завршил егзархиска прогимназија во Сер, а работел како шивач и трговец во родното село. Во текот на цели петнаесет години бил претседател на револуционерниот комитет во селото. Во 1906 г. бил избран за член на Окружниот комитет на МРО во Сер. Бил уапсен и осуден на смрт од стрна на турските власти, пресудата била извршена со бесење на Ат-пазар во Сер на 12 октомври 1907 година.[1].

Литература

уреди

Наводи

уреди
  1. Литовски, Александар; Јубилеен календар за егејскиот дел на Македонија во 2011 година, Битола, 2011, стр. 6.