Лазар Велков
Лазар Велков познат како Дивљанец или Дивљански, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација.
Лазар Велков | ||
Роден | 1880 Дивље, Косовски Вилает, Отоманска Империја | |
---|---|---|
Починал | септември 22, 1924 Живиње, Кралство СХС | (возр. 43–44)
Животопис
уредиРоден е во скопското село Дивле, тогаш во Отоманското Царство. По професија е ѕидари. Влегува во Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација во 1896 година, го предводел селскиот комитет во Дивле и извршувал курирски задачи. Во 1906 година е уапсен од властите и осуден на 15 години затвор. По Младотурската револуција во 1908 година е амнестира. По 1910 година станува војвода на обновена ВМОРО во Скопско.
За време на Првата балканска војна во 1912 година Велков дејствува со четата во Скопско и ги помага сојузничките сили. По Втората балканска војна во 1913 година е уапсен од новите српски власти во Вардарска Македонија и фрлен во затвор во Белград. Во 1914 година успева да избега и во 1915 година се вклучува во чета, со која навлегол во Кумановско. Подоцна дејствува со чета во Скопско [1][2]. Во 1917 година го потпишува мемоарот на македонските Бугари од Македонија од 27 декември 1917 година [3].
По Првата светска војна се вклучува во дејноста на обновената ВМРО на Тодор Александров и повторно станува војвода на чета во Скопско. Негов секретар во 1924 година е Петар Станчев [4].
Лазар Велков е тешко повреден во 1924 година во борба со српските сили во месноста Островица помеѓу селата Живине и Колицко и се самоубива [5][6]. Како војвода го заменува Петар Станчев [7].
Наводи
уреди- ↑ Лазаров, Кръстю. „Революционната дейност в Кумановско“
- ↑ Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 133 и 150.
- ↑ Билярски, Цочо. Протестът на македонските българи срещу Холандско-Скандинавския комитет от 27 декември 1917 година, http://www.sitebulgarizaedno.com
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 144.
- ↑ Македонски научен институт
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 90.
- ↑ Енциклопедичен речник КЮСТЕНДИЛ А-Я, София, Издателство на БАН, 1988 г., стр. 179.