Четирок

село во Костурско, Егејска Македонија

Четирок (грчки: Μεσοποταμία, Месопотамија, до 1926 Τσετιράκι, Цетираки)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Четирок
Μεσοποταμία
Четирок is located in Грција
Четирок
Четирок
Местоположба во областа
Четирок во рамките на Костур (општина)
Четирок
Местоположба на Четирок во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°30′N 21°9′E / 40.500° СГШ; 21.150° ИГД / 40.500; 21.150
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаЧетирок
Надм. вис.&10000000000000653000000653 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1.802
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 10 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во Костурската котлина помеѓу реките Белица, бистрица, Рулска река и Четирошка река. Селото се наоѓа на надморска височина од 653 метри.

Историја уреди

Во XVI век во Четирок биле евидентирани 95 глави на домаќинства[3].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Четирок се состоело од 280 семејства со 180 жители муслимани и 520 Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Четирок имало 380 жители Македонци и 520 македонски муслимани[4][6] Според Тодор Симовски, овој податок на Васил К’нчов е погрешен бидејќи муслиманите биле Турци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Четирок се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 177 куќи.[7]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 456 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија а работело и бугарско училиште[4][8]. Учителот Иван Стефанов бил уапсен од турските власти на 25 април 1903 година заедно со Михаил Кимов, учител во Дреничево[9]..

Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 850 Грци и 200 Турци[10]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 70 македонски и 80 турски семејства[11], додека според Георги Христов имало и едно влашко семејство[12].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[13]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 888 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1021 жител. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Месопотамија.[14]. Според едни извори, бројот на бегалците изнесувал 545 во 1928 година[10], додека според други извори 141 семејства и 594 лица.[15].

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупатори[16], по кое било предадено на бугарските сили. Бугарските сили на неколкупати биле во судир со силите на ЕЛАС[17]. На 11 јануари 1944 година партизаните на ЕЛАС го зазеле селото[18].

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Во текот на војната биле убиени 42 лица, додека 191 се иселиле. Две деца од селото биле протерани како деца бегалци[10]. По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Демографија уреди

Во 1928 година селото броело 1083 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 1552 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1271 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1158 жители, во 1971 година имало 1118 жители, во 1981 година имало 1507 жители, додека во 1991 година имало 1759 жители[19]. Денеска, населението на селото е 1802 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1552 1271 1158 1118 1507 1758 1802 2099
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Култура уреди

Старите цркви во селото се посветени на Света Троица, Свети Ѓорѓи. Во XX век била изградена црквата посветена на Свети Петар и Свети Павле. Во селото има отворено Понтиски културен центар, чија цел е зачувување на понтиската култура во селото.

Личности уреди

Родени во Четирок

Наводи уреди

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Μεσοποταμία
  3. Harun Yeni,Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 109.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
  9. „Draganof, Victor Bérard. Macedonia and the reforms, London, 1908“. Архивирано од изворникот на 2013-12-23. Посетено на 2016-03-19.
  10. 10,0 10,1 10,2 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Mesopotamia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-19.
  11. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  12. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.
  13. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 42.
  14. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. 15,0 15,1 „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  16. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  17. Πάνος Κρίκης. ΕΙΜΑΣΤΕ ΑΜΠΟΙΡΟΙ ΕΥΘΥΝΩΝ ΓΙΑ ΤΗΝ ΟΝΟΜΑΣΙΑ[мртва врска]
  18. Даскалов, Георги. Клио срещу Темида. Антон Калчев – хуманист или военнопрестъпник“, Военно издателство, София, 2013, с. 130-131.
  19. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-19.
  20. Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 236. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 2015-09-02.
  21. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 295.
  22. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 429.
  23. ГУА, стр. 524.
  24. Македонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство „Фама“, София, 2006, стр. 98-99.
  25. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 155.
  26. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 825.