Европска интеграција

(Пренасочено од Современа Европа)

Европска интеграција (евроинтеграција) — процес на политичка, правна, економска (и во некои случаи социјална и културна ) интеграција на држави кои се целосно или делумно во рамкте на Европа. Во денешно време ,европската интеграција пред сè се одвива преку Европската Унија и Советот на Европа.

Монета од 1928 година за хипотетичките „Федерални држави на Европа“ (États fédérés d'Europe)

Историја

уреди

Еден од првите кој размислувал за унија на европски нации беше грофот Ричард Николаус фон Куденхов-Калерги, кој во 1923 година го напиша Паневропскиот манифест. Неговите идеи влијаеа на Аристид Бриан, кој на 8 септември 1929 година одржа говор во корист на Европската Унија во Лигата на нациите, а во 1930 година за владата на Франција го напиша неговиот „Меморандум за организација на режимот на федералната Европска Унија“ ,со што таа стана првата европска влада која официјално го прифати принципот.

Мора да изградиме еден вид Соединети Држави на Европа.Само на овој начин стотици милиони работници,повторно ќе можат да ги стекнат малите нешта кои го прават животот вреден за живеење.

По крајот на Втората светска војна, континенталната политичка клима била наклонета кон единство во Западна Европа,што многумина го сметале за излез од екстремните форми на национализам што го опустоши континентот. Во говорот одржан на 9 септември 1946 година на Универзитетот во Цирих, Швајцарија, Винстон Черчил постулира за Соединети Европски Држави. Меѓутоа истиот говор содржи забелешки ,кои не се цитираат толку често, со што станува јасно дека Черчил не ја сметаше Британија како на дел од овие Соединети Европски Држави: Ние Британците имаме свој Комонвелт на нации...И зошто да не постои европска група која би им дала чувство на зголемен патриотизам и заедничко државјанство на збунетите луѓе од овој турбулентен и моќен континент? Зошто да не си го заземе своето место кое со право ѝ припаѓа ,заедно со другите големи групации во кроењето на судбините на луѓето?... Франција и Германија мора заедно да го преземат водството. Велика Британија , британскиот Комонвелт на нации ,моќната Америка и јас ѝ веруваме на Советска Русија –затоа што тогаш навистина сè ќе биде добро,односно тие мора да бидат пријатели и спонзори на новата Европа и мора да се борат таа да опстане и да биде успешна.

Совет на Европа

уреди

Наспроти искуството на уништување и страдање на луѓето за време на Втората светска војна ,како и потребата од помирување по војната ,идејата за европска интеграција доведе до создавање на Совет на Европа во Стразбур во 1949 година.

 
Совет на Европа

Најважното достигнување на Советот на Европа е Европската конвенција за човекови права од 1950 година, заедно со неговиот Европски суд за човекови права во Стразбур, кој служи како де факто врховен суд за човекови права и основни слободи насекаде низ Европа.Исто така, човековите права се заштитени од страна на Комитетот за спречување на тортура на Советот на Европа и Европската социјална повелба.

Многу од конвенциите на Советот на Европа се стремат кон целта за поголема правна интеграција ,како што се конвенциите за правна помош, конвенциите против корупција, против перење пари , против допинг во спортот или против интернет криминалот. Културната соработка се заснова на културната конвенција од 1954 година и понатамошните конвенции за признавање на универзитетски студии и дипломи ,како и заштита на јазиците на малцинствата .

По падот на Берлинскиот ѕид , поранешните комунистички земји во централна и источна Европа можеа да пристапат кон Советот на Европа, кој сега се состои од 47 држави во Европа ,со исклучок на Белорусија поради нејзината влада која сè уште не е демократска.Оттаму ,европската интеграција речиси успеа на нивото на Советот на Европа ,опфаќајќи го целиот европски континент.

Европската интеграција на нивото на Советот на Европа функционира преку пристапувањето на земјите-членки кон неговите конвенции ,како и преку политичко усогласување на нивото на министерски конференции и меѓупарламентарни средби. Во согласност со статутот од 1949 година, Советот на Европа дејствува кон постигнување на поголемо единство меѓу неговите земји-членки , заснован на заеднички вредности , како што се човековите права и демократија.

Организација за безбедност и соработка во Европа

уреди

Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е трансатланска меѓувладина организација, чија цел е да обезбеди стабилност во Европа. Во јули 1973 година ,таа беше основана под името Конференција за безбедност и соработка во Европа (КБСЕ), а потоа во јануари 1995 година беше трансформирана во нејзината сегашна форма.Во моментов ОБСЕ има 56 земји-членки, кои опфаќаат голем дел од западната полутопка.

ОБСЕ развива 3 видови активности, имено политичко-воената димензија, економската и еколошка димензија и човечката димензија, кои промовираат механизми за спречување на конфликти и резолуција, следење, подготвеност и помош во случај на економски и еколошки закани, како и целосно почитување на човековите права и основните слободи.

Регионална интеграција

уреди

Неколкуте обиди на регионалната интеграција делотворно ја промовираа меѓувладината соработка и ја намалија можноста за регионален вооружен конфликт. Другите иницијативи ги отстранија бариерите за слободна трговија во европските региони и го зголемија слободното движење на луѓе, работна сила, добра и капитал преку националните граници

Балтички регион

уреди

Следните политички и/или економски организации беа создадени во Балтичкиот регион во постмодернат ера:

Балтичкото собрание има за цел да ја промовира соработката меѓу парламентите на балтичките држави,имено Република Естонија, Летонија и Литванија. Организацијата беше испланирана во Вилнус на 1 декември 1990 година,и трите земји се договорија за нејзината структура и правила на 13 јуни 1994 година.

Балтичката зона на слободна трговија (БАФТА) претставуваше спогодба за трговија меѓу Естонија,Литванија и Летонија .Таа беше потпишана на 13 септември 1993 година и стапи во сила на 1 април 1994 година .Подоцна , спогодбата се прошири со цел да ги вклучи и земјоделските производи и стапи во сила на 1 јануари 1997 година. БАФТА престана да постои кога нејзините земји-членки на 1 мај 2004 година се приклучија кон ЕУ.

Советот на Балтичките држави (ЦБСС) беше основан во 1992 година ,за да промовира меѓународна соработка меѓу земјите кои излегуваат на Балтичкото Море во однос на прашања од областа на економијата, развојот на граѓанско општество , човековите права и јадрена и радиациона сигурност. Има 12 земји-членки вклучувајќи ги Данска, Естонија, Финска, Германија, Исланд (од 1995 година), Летонија, Литванија, Норвешка, Полска, Русија, Шведска и Европската комисија.

Регион на Ниските Земји

уреди

Од крајот на Првата светска војна беа воведени следните унии во регионот на Ниските Земји:

Бенелукс е економска и политичка унија меѓу Белгија, Холандија и Луксембург. На 5 септември 1944 година беше потпишан договор за основање на царинска унија на земјите на Бенелукс, кој стапи во сила во 1948 година ,а престана да постои на 1 ноември 1960 година кога по потпишувањето на договорот во Хаг на 3 февруари 1958 година царинската унија беше заменета со економската унија на земјите на Бенелукс. Во 1955 година беше создаден парламент на земјите на Бенелукс.

Економската унија на Белгија и Луксембург (БЛЕУ) може да се смета за претходник на Бенелукс. БЛЕУ беше создадена со договорот потпишан на 25 јули 1921 година и основаше единствен пазар помеѓу двете земји, со поставување фиксен паритет на белгискиот и луксембуршкиот франк.

Регионот на Црното Море

уреди

По падот на Советскиот Сојуз беа основани неколку организации во регионот на Црното Море, како што се: Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ) има за цел да обезбеди темпо, стабилност и просперитет преку поттикнување на пријателски и добрососедски односи меѓу 12 земји-членки,од кои повеќето се наоѓаат во регионот на Црното Море. Организацијата беше основана на 25 јуни 1992 година во Истанбул и стапи во сила на 1 мај 1999 година. Единаесетте земји-основачи беа Албанија, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Грција, Молдавија, Романија, Русија, Турција и Украина. Во април 2004 година се приклучија Србија и Црна Гора.

ГУАМ организацијата за демократија и економски развој е регионална организација составена од четири пост-советски држави, чија цел е да промовира соработка и демократски вредности, да обезбеди стабилен развој , да ја зголеми меѓународната и регионалната безбедност и да ја интензивира европската интеграција. Сегашните земји-членки ги вклучуваат четирите земји-основачи, имено Грузија, Украина, Азербејџан и Молдавија. Во 1999 година се приклучи и Узбекистан, а ја напушти во 2005 година.

Британските Острови

уреди

Од крајот на Првата светска војна, на регионот на Британските Острови беа потпишани следните договори:

Британско-ирскиот совет беше создаден во 1998 година со договорот од Белфаст за да “промовира усогласен развој и развој од заедничка корист за севкупниот однос меѓу народите од овие острови”. Официјално, тој беше основан на 2 декември 1999 година. Неговото членство го сочинуваат Ирска, Обединетото Кралство, три од основачките земји на Обединетото Кралство (Северна Ирска, Шкотска и Велс) и трите Британски кралски колонии (Гернзи, Островот на Човекот и Џерси). Англија не е претставена на Советот како посебен субјект ,бидејќи таа нема децентрализирана влада.

Заедничката зона за патување е зона каде не е потребен пасош и е основана во 1922 година ,а ја сочинуваат Република Ирска, Обединетото Кралство, Островот на Човекот, Џерси и Гернзи.

Средна Европа

уреди

Следните договори за соработка беа потпишани во Средна Европа:

Договорот за слободна трговија во Средна Европа (ЦЕФТА) е договор за трговија меѓу земјите во Централна и Југоисточна Европа, кој функционира како подготовка за полноправно членство во Европската Унија. Во момнетот има 8 земји-членки: Хрватска, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Србија и Провинцијата Косово управувана од УНМИК.

Договорот е основан во 1992 година од страна на Чехословачка, Унгарија и Полска, но стапи во сила во 1994 година. Во меѓувреме Чехословачка се подели на Чешка и Словачка.Во 1996 година се приклучи Словенија, додека пак Романија го направи истото во 1997 година, Бугарија во 1999 година,а Хрватска во 2003 година. Во 2004 година Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Словенија ја напуштија ЦЕФТА за да се приклучат кон ЕУ. Поради истата причина и Романија и Бугарија ја напуштија во 2007 година . Потоа, во 2006 година се приклучи и Македонија, а во 2007 година и Албанија, Босна и Херцеговина ,Молдавија , Црна Гора , Србија и УНМИК (во име на Косово).

Вишеградската група е Средноевропска алијанса за соработка и европска интеграција. Оваа група се создаде на самитот на Чехословачка, Унгарија и Полска, кој се одржа на 15 февруари 1991 година во унгарскиот град на замоци Вишеград. Чешка и Словачка станаа земји-членки по распаѓањето на Чехословачка во 1993 година.

Од 1924 година Швајцарија и Лихтенштајн учествуваат во царинската унија и двете земји го употребуваат швајцарскиот франк како национална валута.

Нордиски регион

уреди

Од крајот на Втората светска војна , во Нордискиот регион беа основани следните организации:

Нордискиот совет и Нордискиот совет на министри претставува форум за соработка на парламентите и владите на нордиските земји, кој е создаден во февруари 1953 година. Тој ги вклучува државите Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска, како и нивните автономни територии (Фарските острови, Гренланд и Оланд).

Нордиската пасошка унија беше создадена во 1954 година, но започна со спроведување во мај 1958 година. Таа воспоставува слободно движење преку границите без пасоши за граѓаните на државите. Унијата ја сочинуваат Данска, Шведска и Норвешка, кои се и земји-основачи. Потоа од 24 септември 1965 година се приклучуваат Финска и Исланд, а од 1 јануари 1966 година и данските автономни територии на Фарските острови.

Европска асоцијација за слободна трговија

уреди

Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) е европски трговски блок, кој е основан на 3 мај 1960 година како алтернатива за европските држави кои не се приклучија кон ЕЕЗ. Во моментот ЕФТА има четири земји-членки:Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн, од кои само Норвешка и Швајцарија се земји-основачи.

Конвенцијата на ЕФТА беше потпишана на 4 јануари 1960 година во Стокхолм од страна на 7 држави: Австрија, Данска, Норвешка, Португалија, Шведска, Швајцарија и Обединетото Кралство. Во 1961 година Финска стана асоцијативен член, а во 1986 година стана полноправен член.Во 1970 година се приклучи Исланд,а во 1991 година истото го стори и Лихтенштајн.

Откако се приклучија кон Европската заедница (ЕЗ), Обединетото Кралство и Данска во 1973 година ја напуштија ЕФТА .Исто така и Португалија откако се приклучи кон ЕЗ, во 1986 година ја напушти ЕФТА. Австрија, Финска и Шведска престанаа да бидат членки на ЕФТА во 1995 година, откако се приклучија на ЕУ, која ја замени ЕЗ во 1993 година.

Заедница на независни држави

уреди
 
Европска унија и Заедница на независни држави

ЗНД е лабава организација во која учествуваат поголем дел од републиките на Советкиот сојуз, а безвизните режими функционираат меѓу земјите-членки и зоната на слободна трговија е испланирана за почетокот на 2011 година. Украина не е официјална земја-членка, но де факто е дел од организацијата.

Европски заедници

уреди

Во 1951 година ,неколку западноевропски држави се согласија да и доделат на Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) овластувања за производството на јаглен и челик во Договорот од Париз,кој стапи во сила на 23 јули 1952 година.

Производството на јаглен и челик беше од суштинско значење за реконструкција на државите во Европа по Втората светска војна и исто така овој сектор за национална економија беше многу важен за војувањето во Првата и Втората светска војна. Поради тоа, по основањето на Федерална Република Германија (Западна Германија) во 1949 година, Франција во почетокот ја одржуваше својата окупација над Сар со помош на нејзините компании за челик. Со пренесување на националните овластувања за производството на јаглен и челик врз новоформираната комисија на ЕЗЈЧ, земјите-членки на ЕЗЈЧ беа во можност да создадат поголема транспарентност и доверба меѓу себе.

Ова пренесување на национални овластувања врз некоја од “заедниците “, коишто треба да бидат извршени од страна на нејзината Комисијата, соодветствуваше со Договорот од Рим со кој беа основани Европската заедница за атомска енергија (или ЕВРОАТОМ) и Европската економска заедница (ЕЕЗ) во Брисел.

Во 1967 година Договорот за спојување (или Договорот од Брисел) ги обедини институциите на ЕЗЈЧ и ЕВРОАТОМ во институциите на ЕЕЗ. Тие веќе имаа заедничко парламентарно собрание и судови и заедно беа познати како европски заедници. Во 1987 година, Единствениот европски акт (ЕЕА) претставуваше прва поголема ревизија на Договорот од Рим и официјално го основаше единствениот европски пазар и европската политичка соработка. Заедниците с è уште имаа независен идентитет, и покрај тоа што во голема мера беа интегрирани и со текот на годините се трансформираа во она што сега го нарекуваме Европска унија.

Шесте држави кои ги основаа трите заедници беа познати како “внатрешните шест”(“inner six“), а тоа беа: Белгија, Франција, Италија, Луксембург, Холандија и Западна Германија, а другите т.н. “надворешните шест” (“ outer seven” )беа оние земји кои ја формираа Европската асоцијација за слободна трговија. Во 1973 година со пристапувањето на Данска, Ирска и Обединетото Кралство, Европската заедница за првпат се прошири. Во 1981 година пристапи Грција, а во 1986 година истото го направија Португалија и Шпанија. На 3 октомври 1990 година Западна и Источна Германија повторно се обединија, па според тоа Источна Германија стана дел од Заедницата во новообединетата Германија (без да го зголемат бројот на земји-членки).

Клучна личност во процесот на формирање на Заедницата беше Жан Моне, кој се смета за основач на Европската Унија ,која важи за доминантна сила на европската интеграција.

Европска Унија

уреди
 

Европската унија (ЕУ) е асоцијација на 27 суверени земји-членки, кои со договор им пренесуваат дел од своите надлежности на заедничките институции ,со цел да ги усогласат своите политики во голем број области , меѓутоа без да формираат нова држава која ќе биде на врвот од земјите-членки. Официјално ЕУ е основана во 1993 година со Мастришкиот договор врз темелите на претходната Европска економска заедница.

Оттаму, 12 држави се основачи, имено, Белгија, Данска, Франција, Германија, Грција, Ирска, [[Италија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија и Обединетото Кралство. Во 1995 година кон ЕУ пристапија Австрија, Финска и Шведска, а во 2004 година се придружија и Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија. Конечно, во 2007 година добија пристап и Бугарија и Романија. Во официјалните земји-кандидати спаѓаат Хрватска, Исланд, Македонија и Турција. Албанија, Црна Гора и Србија поднесоа барање за членство. Барањето за членство на Мароко беше одбиено од страна на ЕЕЗ, а барањето на Швајцарија замрзнато. Норвешка одби членство во два референдуми.

Институциите на Европската Унија, нивните парламентарци, судии, комесари и секретаријат, владите на земјите-членки ,како и нивните граѓани ,сите играат улога во европската интеграција. Сепак,прашањето за тоа кој ја игра клучната улога е спорно , бидејќи постојат различни теории за европската интеграција кои се фокусираат на различни глумци и агенции.

Европската унија има голем број врски со нации кои не се официјано дел од Унијата. Според официјалната веб-локција на Европската Унија и изјавата на комесарот Гинтер Ферхојген ,целта е да има круг на држави кои ќе ги споделуваат демократските идеали на ЕУ и ќе им се придружат во дополнителна интеграција, без да мора да станат полноправни земји-членки.

Надлежности

уреди

Додека поголем дел од одговорностите (надлежностите) се во рацете на земјите-членки, дел од надлежностите исклучиво и се доделуваат на Унијата за донесување заедничка одлука.Некои од нив се споделуваатво очекување Унијата да делува, а некои добиваат поддршка од ЕУ. Надлежностите се претставени на оваа табела:

Сумирани во Насловот I на Делот I на консолидираната верзија на Договорот за функционирањето на Европската Унија
Исклучива надлежност
Споделена надлежност
Надлежност за поддржување
Унијата има ексклузивна надлежност да донесува директиви и да склучува меѓународни договори, предвидени со законодавен акт на Унијата.
  • царинската унија
  • воспоставување на правила за конкуренција неопходни за функционирањето на внатрешниот пазар
  • монетарна политика за земјите-членки чија парична единица е еврото
  • зачувување на морските биолошки ресурси во рамките на заедничката политика за рибарство
  • заедничка трговска политика
  • склучување на одредени меѓународни спогодби
Земјите-членки не можат да вршат надлежност во области во кои тоа веќе го направила Унијата.
  • внатрешниот пазар
  • социјална политика, што се однесува на аспектите одредени во овој Договор
  • економска, социјална и територијална кохезија
  • земјоделство и рибарство, со исклучок на зачувување на морските биолошки ресурси
  • животна средина
  • заштита на потрошувачите
  • транспорт
  • трансевропски мрежи
  • енергетика
  • областа на слободата, безбедноста и правдата
  • заеднички безбедносни прашања во областа на јавното здравство, за аспектите одредени во овој Договор
Вршењето надлежност од страна на Унијата не треба да резултира со спречување на земјите-членки да ја извршат својата надлежност во“ …
  • истражувањето, технолошкиот напредок и вселената
  • соработката за развој, хуманитарната помош
Унијата ги усогласува политиките на земјите-членки или инструментите што ги надополнуваат нивните заеднички политики, а кои не се опфатени на друго место
  • координација на економските, политиките за вработување и социјалните политики
  • заедничките надворешни, безбедносни и одбранбени политики
Унијата може да спроведе активности за поддршка,усогласување и дополнување на активностите на земјите-членки во“ …
  • заштитата и подобрувањето на човековото здравје
  • индустријата
  • културата
  • туризмот
  • образованието, младите, спортот и стручното оспособување
  • цивилната заштита (спречување катастрофи)
  • административната соработка

Економска интеграција

уреди
 
Економски блокови за интеграција во Европа;ЕУ, ЕФТА, ЦЕФТА и Царинската унија на Белорусија, Казахстан и Русија

Европската унија дејствува на единствен економски пазар низ територијата на сите земји-членки и користи единствена валута меѓу земјите-членки на Еврозоната. Понатаму, Европската Унија преку Европската економска област и договорите за царинска унија има голем број економски врски со нации кои официјално не се дел од Унијата.

Зона за слободна трговија

уреди

Со создавањето на ЕЕЗ се укинаа царинските такси, квоти и повластувањата за стоки меѓу земјите-членки, кои претставуваат предуслови за дефинирање на Зоната на слободна трговија (ФТА).

Голем број земји потпишаа Спогодба за асоцијација (СА)на Европската Унија со одредби од ФТА. Главно , тие ги вклучуваат средоземните земји (во 2005 година Алжир, во 2004 година Египет, во 2000 година Израел, во 2002 година Јордан, во 2006 година Либан, во 2000 година Мароко, во 1997 година Палестинската самоуправа и во 1998 година Тунис),но сепак вклучуваат и некои земји од други трговски блокови кои исто така потпишале спогодба за асоцијација (како Чиле во 2003 година, Мексико и Јужна Африка во 2000 година).

Понатаму, многу балкански држави потпишаа Спогодба за стабилизација и асоцијација (ССА) со одредби од страна на ФТА (како Албанија (потпиша во 2006 година), Хрватска (2005), Црна Гора (2007), Македонија (2004), Босна и Херцеговина и Србија (и двете во 2008 година ,спогодбата сè уште не стапила во сила).

Во 2008 година, Полска и Шведска го предложија Источното партнерство, кое вклучуваше поставување на Зона на слободна трговија (ФТА) помеѓу ЕУ и источните земји како што се Ерменија, Азербејџан, Грузија, Молдавија и Украина.

Царинска унија

уреди

Европската царинска унија дефинира област каде што не се наметнува царина на стоките кои се движат низ Унијата и ги вклучува сите земји-членки на Европската Унија. Во 1968 година беше постигнато укинување на внатрешните царински бариери меѓу земјите-членки на ЕЕЗ.

Андора и Сан Марино, заедно со трети земји се дел од царинските унии на ЕУ. Турција е поврзана преку Царинската унија меѓу ЕУ и Турција.

Единствен пазар

уреди

Значајна цел на ЕУ од нејзиното создавање во 1992 година со Мастришкиот договор е воспоставување и одржување на единствен пазар и настојува да ги гарантира четирите основни слободи, коишто се поврзани со обезбедување на слободното движење на добра, услуги, капитал и луѓе низ внатрешниот пазар на ЕУ.

Договорот на Европската економска област (ЕЕА) им овозможува на Норвешка, Исланд и Лихтенштајн да учествуваат во Европскиот единствен пазар без да пристапат кон ЕУ. Четирите основни слободи се применуваат. Меѓутоа се применуваат и некои рестрикции за рибарство и земјоделство. Швајцарија е поврзана со Европската унија преку билатералните договори помеѓу ЕУ и Швајцарија, коишто имаат поинаква содржина од содржината на договорот на ЕЕА.

Еврозона

уреди
 
Еврозона

Еврозоната се однесува на земјите-членки на Европската унија коишто го усвоија еврото како трета фаза од Европскиот економски и монетарен сојуз (ЕМУ). Понатаму, одредени држави кои не се земји-членки на ЕУ го усвоија еврото како нивна валута ,и покрај тоа што не се дел од ЕМУ. Според тоа, од вкупно 23 држави ,вклучувајќи ги 17-те земји-членки на ЕУ и 6-те земји кои не се членки на ЕУ во моментот го користат еврото.

Еврозоната се создаде со официјалното воведување на еврото на 1 јануари 1999 година. На 1 јануари 2002 година се воведоа монетите и банкнотите.

Првобитни членки беа Австрија, Белгија, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Луксембург , Холандија, Португалија и Шпанија. На 1 јануари 2001 година Грција го воведе еврото. На 1 јануари 2007 година се приклучи Словенија. Кипар и Малта на 1 јануари 2008 година, на 1 јануари 2009 година се приклучи Словачка,а на 1 јануари 2011 и Естонија.

Надвор од границите на ЕУ се склучија договори со Монако, Сан Марино и Ватикан за официјално усвојување на еврото, вклучувајќи го и правото да коваат свои монети. Исто така, Андора, Црна Гора и Косово го користат еврото од неговото воведување.

Социјална и политичка интеграција

уреди

Образование

уреди

Програмата ЕРАЗМУС (European Region Action Scheme for the Mobility of University Students) беше основана во 1978 година и има за цел да го охрабри и поттикне слободното движење на академската заедница.

Во оваа програма се вклучени вкупно 31 држава (вклучувајќи ги земјите-членки на Европската Унија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Турција). Од 2007 година Швајцарија повторно е квалификувана за членство, по периодот на отсуство по отфрлањето на поблиски врски со Европската Унија.

 
Европска високообразовна област

Европската високообразовна област (ЕХЕА) има за цел да ги обедини образовните системи во Европа.Според тоа, дипломите и периодот на студирање заемно се признаваат.Ова е направено според Болоњскиот процес и во согласност со Лисабонската конвенција за признавање на Советот на Европа.

Болоњската декларација беше потпишана во 1999 година од страна на 29 земји ,од кои сите во моментот се земји-членки на ЕУ (со исклучок на Кипар кој се приклучи подоцна) и три од четири земји-членки на ЕФТА: Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта,Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Обединетото Кралство. Во 2001 година се приклучија и Хрватска, Кипар, Лихтенштајн и Турција. Во 2003 година конвенцијата ја потпишаа: Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Светата столица (постојан набљудувач на Советот на Европа), Македонија, Русија и Србија. Во 2005 година следеа Ерменија, Азербејџан, Грузија, Молдавија и Украина. Во 2007 година се приклучи Црна Гора и конечно во 2010 година се приклучи Казахстан (кој не е член на Советот на Европа), кој сочинува вкупно 47 земји-членки. Монако и Сан Марино се единствените членови на Советот на Европа кои не ја усвоија Конвенцијата. Друга европска нација која ги исполнува условите за членство, но не пристапила е Белорусија.

Здравство

уреди

SOS - проектот, исто така познат како интелигентни отворени услуги, има за цел да го промовира слободното движење на пациентите. Овој проект ќе им овозможи на експертите од областа на здравството да имаат електронски пристап до податоците на пациенти од друга земја,за електронски да ги обработи рецептите во сите вклучени земји или да обезбедат лекување на пациент кој е на списокот на чекање во друга земја на ЕУ.

Проектот беше започнат од страна на 12 земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Австрија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Холандија, Словачка, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство.

Повелба за основните права

уреди

Повелбата за основни права на Европската Унија е документ кој негува одредени основни права. Текстот на Повелбата беше договорен на ниво на министерство и беше вклучен во Договорот од Лисабон. Чешка, Полска и Обединетото Кралство преговараа да не учествуваат во оваа Повелба.

Право на глас

уреди

Процесот на европска интеграција го прошири правото на странците да гласаат. Според тоа, со Мастришкиот договор од 1992 година на граѓаните на Европската Унија им беа дадени права да гласаат на локални избори. Оттогаш неколку земји-членки (Белгија, Луксембург, Литванија и Словенија) го проширија правото на глас за сите странски жители. Ова веќе беше случај во Данска, Финска, Холандија и Шведска. Понатаму, исто така право на глас и квалификуваност им се дава на граѓаните од Нордиската пасошка унија, како и меѓу голем број земји преку билатерални договори (односно помеѓу Норвешка и Шпанија, или меѓу Португалија и Бразил, Републиката Зелен ’Рт, Исланд, Норвешка, Унгарија, Венецуела, Чиле и Аргентина), или без нив (односно на Обединетото Кралство и Република Ирска).Конечно, во рамките на EEA, Исланд и Норвешка исто така им даваат право на глас и на странските жители.

Визна политика во ЕУ

уреди

Европската унија има договори за безвизен режим со некои од европските земји кои не се членки на ЕУ, а со други земји дискутира за ваквите договори (како Русија, Украина, Молдавија, Босна и Албанија). Исто така се дискутира прашањето во однос на Турција. Ирска и Обединетото Кралство одржуваат независни визни политики во ЕУ.

Шенген зона

уреди

Главна цел на основањето на Шенгенскиот договор е укинување на физичките граници меѓу европските земји. Вкупно 29 држави, вклучувајќи 25 земји-членки на Европската унија (сите освен Ирска и Обединетото Кралство )и четири земји кои не се членки на ЕУ (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија),подлежат на правилата во Шенген зоната.Овие одредби се веќе спроведени од страна на 26 земји, со исклучок на Бугарија, Кипар и Романија од земјите-потписнички. Лихтенштајн треба целосно да ги спроведе правилата.

Понатаму, Монако, Сан Марино и Ватикан се де факто членови.

Војска

уреди
 
НАТО/ОДКБ

Европската Унија не е држава и како таква нема свои сопствени воени сили. Меѓутоа,постојат голем број мултинационални воени и мировни сили кои сепак се под команда на ЕУ и поради тоа тие можат да се сметаат како јадро на идната армија на Европската Унија. Во овој корпус спаѓаат силите од 25 земји-членки на ЕУ –сите освен Данска, која во договорот за пристапување има клаузула за неучество и не е обврзана да учествува во заедничката одбранбена политика, како и Малта која во моментов не учествува во ниту една борбена група-Норвешка и Турција. Понатаму, способностите и функциите на Западноевропската унија (ЗЕУ) се пренесоа на Европската Унија, со развојот на нејзината заедничка надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) и европската безбедносна и одбранбена политика (ЕБОП).

Според Договорот Берлин плус, ЕУ исто така има блиски врски со Организацијата на Северноатланскиот договор (НАТО). Ова е сеопфатен пакет на договори склучени помеѓу НАТО и ЕУ на 16 декември 2002 година. Со овој договор на ЕУ ѝ се овозможува користење на средствата на НАТО ,во случај да сака да дејствува независно во меѓународна криза, под услов НАТО да не сака да дејствува –т.н. “право на прво одбивање”.

Всушност, голем број земји-членки на ЕУ се наоѓаат меѓу 28-те членки на НАТО. Договорот од Брисел се смета за претходник на НАТО. Северноатланскиот договор беше потпишан во Вашингтон Д.Ц. во 1949 година и ги вклучуваше петте држави кои го потпишаа договорот од Брисел, како и САД, Канада, Португалија, Италија, Норвешка, Данска и Исланд. Во 1952 година Грција и Турција се приклучија кон Алијансата, а Западна Германија го стори истото во 1955 година. Шпанија се приклучи во 1982 година. Во 1999 година Унгарија, Чешка и Полска станаа земји-членки на НАТО. Конечно,во 2004 година се приклучија Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словенија и Словачка. Во 2009 година пристапија Хрватска и Албанија. На Украина и на Грузија им беше соопштено дека и тие исто така во 2008 година најпосле ќе станат земји-членки. Процесот за аплицирање на Република Македонија заврши и беше блокиран од страна на Грција. Оттаму, 21 од вкупно 28 земји-членки на НАТО се наоѓаат меѓу 27-те земји-членки на ЕУ, други две се членки на ЕЕО, а уште две други се земји-кандидати на ЕУ (една од нив е земја-членка на царинскиот простор на ЕУ).

Вселена

уреди

На 22 мај 2007 година,земјите-членки на Европската Унија се договорија да создадат заедничка политичка рамка за вселенски активности во Европа преку обединување на методот на Европската вселенска агенција(ЕСА) со оние на поединечните земји-членки на Европската Унија.

Сепак, ЕСА е меѓувладина организација без формална органска врска со ЕУ и всушност двете институции имаат различни земји-членки и се управувани со различни правила и постапки.ЕСА е создадена во 1975 година со спојувањето на Европската организација за развој и конструкција на вселенски летала (ЕЛДО) и Европската организација за вселенски истражувања (ЕСРО). Десетте земји-основачи беа Белгија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Обединетото Кралство. На 31 декември 1975 година се приклучи и Република Ирска. Во 1987 година Австрија и Норвешка станаа земји-членки. Во 1995 година се приклучи и Финска, а во 2000 година Португалија, Грција и Луксембург во 2005 година и Чешка во 2008 година. Според тоа, во моментов има 18 земји-членки: сите земји кои пред 2004 година станаа членки на ЕУ, плус Чешка, Норвешка и Швајцарија. Понатаму, со договорот за соработка од 1979 година Канада имаше посебен статус на земја-соработник.

ЕСА најверојатно во наредните години ќе се прошири со земјите кои се приклучија кон ЕУ во 2004 и 2007 година. Естонија, Унгарија, Полска, Романија и Словенија веќе потпишаа европски договор за соработка(ЕЦС). Кипар, Летонија, Литванија и Словачка потпишаа договори за соработка со ЕСА, а исто така и Малта ја најави дека има за цел да се приклучи кон ЕСА.

Членство во договорите со Европската Унија

уреди

Мал број земји-членки на ЕУ ги потпишаа сите европски договори, наместо да не прифатат некои од нив. Тие го управуваат развојот на федералниот модел за европска интеграција. Ова е поврзано со концептот за “Европа со повеќе брзини”, со кој некои земји ќе формираат средишна унија и се навраќа на референците на шесте земји-основачи на Европските заедници т.н.“внатрешните шест”(“inner six”).

Во моментот создавањето на формална Федерација на јадрото на Европа (“федерација во конфедерација”) беше одложувано во сите пригоди кога се разговараше за договорот за таква федерација. Наместо тоа се создадоа наднационални институции што се надлежни за повеќе области во “Внатрешна Европа” (“Inner Europe”) отколку што предвидува постојана европска интеграција.

Од 27 земји-членки на ЕУ, 9 држави ги потпишаа сите договори за интеграција, а тоа се Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија и Шпанија.

Предвидените договори ја опфаќаат петтата фаза од економската интеграција или ЕМУ, Шенгенскиот договор, заедничката безбедносна и одбранбена политика и образовните иницијативи како што се програмата ЕРАЗМУС или Европска високообразовна област. Тие исто така се членови на Европската вселенска агенција или Организацијата на Северноатланскиот договор.

Оттаму,од 27-те земји-членки на ЕУ,16 се приклучија кон Еврозоната ,25 се приклучија кон Шенгензоната и 25 ја сочинуваат европската војска.

Понатаму,некои земји кои не се членки на ЕУ се приклучија кон неколку од овие иницијативи, но понекогаш и на пониско ниво како Царинската унија, заедничкиот пазар (ЕЕО) или дури и еднострано усвојување на еврото, преку вклучување во Шенгенскиот договор, или како земја-потписничка или де факто, или пак со приклучувањето кон некоја од заедничките воени сили.

Шест земји кои не се членки на ЕУ еднострано го усвоија еврото, три официјално го потпишаа Шенгенскиот договор, други три го потпишаа како де факто, а пак некои се приклучија кон заедничкиот воен корпус.

Следната табела го покажува статусот на секоја земја за членство во различни договори промовирани од страна на ЕУ. Таму се наведени 43 земји, вклучувајќи ги 27-те земји-членки на ЕУ, 3 земји-кандидати, 3 земји кои не се членки на ЕУ,а се земји-членки на ЕЕО, како и 3 земји –потписнички на Шенгенскиот договор,3 членки на Царинската унија и 5 земји со слаби врски, како Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) и учеството во договорите.

Според тоа,оваа табела ги резимира дел од компонентите од законите на ЕУ кои се применети во европските земји.Некои од териториите на земјите-членки на ЕУ, исто така имаат специјален статус во однос на применетите закони на ЕУ.Некои од териториите на земјите-членки на ЕФТА исто така имаат специјален статус во однос на применетите закони на ЕУ ,како што е случајот со европските микроземји (Андора, Лихтенштајн,Монако, Сан Марино и Ватикан). За оние земји-членки кои немаат територии со специјален статус ,законот на ЕУ целосно важи,само со исклучок на клаузулите за неучество во ЕУ и држави опфатени со заштитна клаузула или како алтернативна можност некои држави учествуваат во зголемената соработка меѓу помала група земји-членки на ЕУ. Покрај тоа, постојат различни примери за неучество на некои земји-членки на ЕУ и за учество на земји што не се членки на ЕУ во одредени агенции на Европската Унија, во програмите за европска високообразовна област ,европска истражувачка област и Еразмус Мундус.

Договори на ЕУ
Држава ЕУ ЕЕО царинска унија ЕМУ(евро) Шенгенски договор ЕСА Заедничка безбедносна и одбранбена политика (ЦСДП)
Албанија ССА,поднела Барање за членство Не Не Не Не Не Не
Андора Не Не Да Еднострано го усвои Не Не Не
Австрија Да Да Да Да Да Да Борбени групи на ЕУ
Белгија Да Да Да Да Да Да Еврокорпус, Борбени групи на ЕУ
Босна и Херцеговина ССА Не Не Не Не Не Не
[[Бугарија Да Да Да Не Сè уште не е спроведен Не борбени групи на ЕУ
Хрватска Земја-кандидат Не Не Не Не Не Не
Кипар Да Да Да Да Сè уште не е спроведен Не борбени групи на ЕУ
Чешка Да Да Да Не Да Да борбени групи на ЕУ
Данска Да Да Да Не Да Да Не
Естонија Да Да Да Да Да Не борбени групи на ЕУ
Финска Да Да Да Да Да Да борбени групи на ЕУ
Франција Да Да Да Да Да Да Еврокорпус, Еурофор, борбени групи на ЕУ,ЕГФ
Германија Да Да Да Да Да Да Еврокорпус, борбени групи на ЕУ
Грција Да Да Да Да Да Да борбени групи на ЕУ
Унгарија Да Да Да Не Да Не борбени групи на ЕУ
Исланд Земја-кандидат Да Не Не Да Не Не
Ирска Да Да Да Да Не Да борбени групи на ЕУ
Италија Да Да Да Да Да Да Еврокорпус, борбени групи на ЕУ, ЕГФ
Косово Рани преговори Не Не Еднострано го усвои Не Не Не
Летонија Да Да Да Не Да Не борбени групи на ЕУ
Лихтенштајн Не Да Не Не Сè уште не е спроведен Не Не
Литванија Да Да Да Не Да Не борбени групи на ЕУ
Луксембург Да Да Да Да Да Да Еврокорпус, борбени групи на ЕУ
Македонија Земја-кандидат Не Не Не Не Не Не
Малта Да Да Да Да Да Не Не
Монако Не Не Де факто со Франција Договор за усвојување Де факто со Франција Не Не
Црна Гора Земја-кандидат Не Не Еднострано го усвои Не Не Не
Холандија Да Да Да Да Да Да борбени групи на ЕУ, ЕГФ
Норвешка Не Да Не Не Да Да борбени групи на ЕУ
Полска Да Да Да Не Да Не борбени групи на ЕУ
Португалија Да Да Да Да Да Да Еврокорпус, борбени групи на ЕУ, ЕГФ
Романија Да Да Да Не Сè уште не е спроведен Не борбени групи на ЕУ, ЕГФ
Сан Марино Не Не Да Договор за усвојување Отворени граници Не Не
Србија ССА,поднела барање за членство Не Не Не Не Не Не
Словачка Да Да Да Да Да Не борбени групи на ЕУ
Словенија Да Да Да Да Да Не борбени групи на ЕУ
Шпанија Да Да Да Да Да Да Еврокорпус, Euroforборбени групи на ЕУ, ЕГФ
Шведска Да Да Да Не Да Да борбени групи на ЕУ
Швајцарија Срзнато барање за членство Билатерални договори Не Не Да Да Не
Турција Земја-кандидат Не Да Не Не Не борбени групи на ЕУ
Обединетото Кралство Да Да Да Не Не Да борбени групи на ЕУ
Ватикан Не Не Не Договор за усвојување Отворени граници Не Не

Евромедитеранско партнерство

уреди
 
Регионални иницијативи на ЕУ; агенда за тековно проширување(ПСА и земји-кандидати); ЕПД; Источно партнерство,Евромедитеранско партнерство и Заеднички простори помеѓу ЕУ и Русија

Евромедитеранското партнерство или процесот Барселона беше организиран од страна на Европската Унија,со цел да се зајакнат врските со земјите во регионите на Машрек и Магреб. Парнерството започна во 1995 година со Евромедитеранската конференција и прерасна во постојани годишни состаноци.

Проширувањето на Европската Унија во 2004 година донесе уште две други средоземни земји (Кипар и Малта) во Унијата,со додавање вкупно 10 на бројот на земји-членки. Денес Евромедитеранското партнерство е составено од 43 земји-членки: 27 земји-членки на Европската Унија и 16 партнерски земји (Албанија, Алжир, Босна и Херцеговина, Хрватска, Египет, Израел, Јордан, Либан, Либија, Мавританија, Монако, Црна Гора, Мароко, Сирија и Тунис, како и палестинските територии). Од 1999 година Либија има статус на набљудувач.

Евромедитеранска зона на слободна трговија (ЕУ-МЕФТА) е заснована на процесот Барселона и Европската политика на добрососедство (ЕПД) и ги опфаќа ЕУ, ЕФТА, царинските унии на ЕУ со трети држави (Андора, Сан Марино и Турција), земјите-кандидати на ЕУ и партнерите на процесот Барселона.

Средоземната унија е основана во јули 2008 година и претставува заедница од земји, кои главно се граничат со Средоземното Море.

Врски со партнерите

уреди

Мароко веќе има голем број на блиски врски со ЕУ, вклучувајќи договор за асоцијација со одредби на ФТА, интеграција на воздушен сообраќај, или учество во воени операции како АЛТХЕА во Босна.

Понатаму, Мароко ќе биде првиот партнер кој ќе се движи надвор од асоцијацијата со зголемување на политичките и економските врски, навлегување во едниствениот пазар и земање учество во некои од агенциите на ЕУ.

Теории на интеграција

уреди

Прашањето за тоа како да се избегнат војните меѓу националните држави беше од суштинско значење за првите теории. Федерализмот и функционализмот предложи задржување на националната држава, додека трансакционализмот се бореше да ги теоретизира условите за стабилизацијата на системот на национални држави. Една од највлијателните теории на европската интеграција е неофункционализмот ,развиен од Ернст Б. Хаас (1958) и понатаму истражуван од Леон Линдберг (1963). Важната дебата помеѓу неофункционализмот и (либерална) меѓувладиноста, сѐ уште се водечки во однос на разбирањето на развојот и забавувањето на европската интеграција. Денес постои релативно ново фокусирање на сложеното создавање политика во ЕУ и управувањето на повеќе нивоа (МЛГ), обидувајќи се да создаде теорија за работењето и развојот на ЕУ.

Иднината на Европската Унија

уреди

Не постои фиксиран краен резултат на процесот на интеграција. Интеграцијата и проширувањето на Европската Унија се главни прашања во политиките на Европа и на национално и на локално ниво. Интеграцијата може биде во конфликт со националниот суверенитет и културниот идентитет, и на неа ѝ се спротивставуваат евроскептиците.

Заеднички простор од Лисабон до Владивосток

уреди
 
Област од Лисабон до Владивосток заедно со сите европски земји и сите ЗНД земји

Рускиот премиер Владимир Путин, во 2010 година во еден германски весник повика на заеднички економски простор, зона на слободна трговија или понапредна економска интеграција, која ќе се протега од Лисабон до Владивосток. Тој исто така рече дека сосема е возможно Русија еден ден да го воведе еврото. Во 2010 година францускиот претседател Никола Саркози изјави дека верува, дека за 10 или 15 години помеѓу ЕУ и Русија ќе постои заеднички економски простор со безвизен режим и општ концепт на безбедност.

Договор за европска безбедност

уреди

Во 2008 година рускиот претседател Димитриј Медведев објави нов концепт за руската надворешна политика и повика на создавање заеднички простор во евроатланската и евроазиската област “од Ванкувер до Владивосток” и на 5 јуни 2009 година во Берлин тој предложи нов европски пакт за безбедност во кој би биле вклучени сите европски земји, земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД) и САД. На 29 ноември 2009 година се појави нацрт-верзија на договорот за европска безбедност. Францускиот претседател Саркози говореше позитивно за идеите на Медведев и повика на поблиска безбедносна и економска врска помеѓу Европа и Русија. Украинскиот претседател Виктор Јанукович, исто така се залагаше за поцврста интеграција на Европа, Украина и Русија. Од друга страна, американскиот државен секретар Хилари Клинтон и шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен сметаа дека ваков договор не е потребен.

Концепт на единствен правен простор за ЗНД и Европа

уреди

Во 2002 година, рускиот научник Олег Кутафин и економистот Александар Закхаров создадоа концепт на единствен правен простор за ЗНД и Европа. Оваа идеја беше целосно вклучена во резолуцијата од Московскиот правен форум во 2003 година.На форумот се собраа претставници на повеќе од 20 земји ,вклучувајќи и 10 земји од ЗНД. Во 2007 година и Меѓународната унија на правници од ЗНД и Меѓународната унија (Комонвелт) на адвокати донесоа резолуции кои силно го поддржуваат концептот на единствен правен простор за Европа и пост-советските држави. Концептот гласеше:” Очигледно, за подобрување на своето законодавство Русија и други земји на ЗНД треба да се ориентираат кон континенталното правно семејство на европското право.Граѓанскиот правен систем е поблизок со рускиот ,а другите земји на ЗНД ќе бидат инструментални во усогласувањето на законодавството на земјите на ЗНД и Европската заедница,но сите вредности на обичајното право треба да се истражуваат врз основа на можно спроведување на некои закони и норми. Се упатува на воведување на концептот за единствен правен простор и единствен простор за владеење на правото за Европа и земјите на ЗНД кој може да се спроведе во 4 чекори :

  1. Планови за развој на национално ниво во однос на усвојување на избраните правни стандарди на ЕК во законодавството на земјите на ЗНД
  2. Промовирање мерки за усогласување на правото со целта за развивање на единствен правен простор за Европа и земјите на ЗНД во областа на комерцијалното и корпоративното право
  3. Усогласување на судската пракса на земјите на ЗНД соодветно на принципите на владеење на правото и координација на основните услови за владеење на правото во земјите на ЗНД со правните стандарди на ЕУ
  4. Развој на идеите на пактот Рерих (Меѓународен договор за уметнички и научни институции и историски споменици, инициран од рускиот мислител Николај Рерих и потпишан во 1935 година од 40 проценти од суверените држави во Вашингтон Д.Ц.)

во законите на земјите на ЗНД и Европското право. Само од добрата волја на Европската правна заедница ќе зависи каде ќе се наоѓа ” Правна Европа” за 20-40 години: на Тихиот Океан или на западната граница на Русија.”