Самурај (јапонски: , но најчесто 武士, буши) бил припадник на привилегирана војничка каста во феудална Јапонија која што го негувала култот на војната, што подоцна станало основа во идеологијата на јапонските милитаристи, наречен „бушидо“. Самурајската класа била една од четирите основни класи во Јапонија сè до периодот Мејџи т.е., 1868, највисоко биле самураите, па земјоделците, занаетчиите, а последни трговците. Честа била центарот на нивните животи, кои им бил посветен во одбрана на својот господар; без разлика дали тоа бил благородник, феудалец или лично цар. Самурајот кој го изгубил својот господар или кој никогаш нема, а бил самурај, се нарекувал ронин. Многу ронини станале сенсеји (учители), бандити или скитиници (комусо). Самураите се единствени кои имале презиме и оружје.

Оклопен самурај сликан во 1860-тите

На културата и дисциплината на самураите посебно влијание имало зен будизмот.[1]

НаводиУреди

  1. Јевтић 2002, p. 345-351.