Xbox
Xbox е конзола за видеоигри од шестата генерација произведена од Microsoft. Издаден е на 15 ноември 2001 година во Северна Америка, 22 февруари 2002 во Јапонија и на 14 март 2002 во Австралија и Европа, и е претходникот на Xbox 360. Оваа конзола е првиот чекор на Microsoft во пазарот на играчки конзоли, а негови соперници беа PlayStation 2 од Sony, Dreamcast од Sega и GameCube од Nintendo. Вградената услуга Xbox Live им дозволува на играчите да играат на семрежјето.[4]
Производител | Microsoft |
---|---|
Семејство на производот | Xbox |
Вид | Конзола за видеоигри |
Генерација | Шеста генерација |
Продажна достапност | СА 15 ноември 2001 ЈАП 22 февруари 2002 PAL 14 март 2002 |
Повлечен | ЈАП 2006 ЕВР 2007 СА 2008 |
Продадени | повеќе од 24 милиони (до 10 мај 2006)[1] |
Медиуми | ДВД, ЦД |
Оперативен систем | Сопствен ОС заснован на архитектурата на Windows NT и Windows XP (преку Xbox LIVE) |
ЦПЕ | Прилагоден процесор Intel Pentium III „Coppermine“ на 733 MHz |
Складирање | 8 или 10 GB внатрешен хард драјв (и двата форматирани на 8 GB), мемориска картичка од 8 MB |
ППП | 64 MB DDR SDRAM на 200 MHz |
Графика | 233 MHz nVidia NV2A |
Управувачи | 4 управувачки порти Xbox (неслободен УСБ посредник) |
Поврзување | 100Mbit Етернет |
Семрежни услуги | Xbox Live |
Најпродавана игра | Halo 2, 8 милиони (до 9 мај 2006)[2][3] |
Наследник | Xbox 360 |
Xbox престана да се произведува на крајот на 2006 година, иако последната игра за Xbox, Madden NFL 09, беше издадена во август 2008. Поддршката за Xbox конзоли без гаранција заврши на 2 март 2009 година; не се извршуваат поправки под гаранција, а фалични конзоли се заменуваат со Xbox 360. Поддршката за Xbox Live заврши на 15 април 2010 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Gamers Catch Their Breath as Xbox 360 and Xbox Live Reinvent Next-Generation Gaming“. Microsoft. 2006-05-10. Посетено на 2009-03-30.
- ↑ Морис, Крис (2006-05-09). „Grand Theft Auto, Halo 3 headed to Xbox 360“. CNN. Посетено на 2008-07-16.
- ↑ Ешер Моузез (2007-08-30). „Prepare for all-out war“. The Sydney Morning Herald. Посетено на 2008-07-16.
Combined, the first two Halo games have notched up sales of more than 14.5 million copies so far, about 8 million of which can be attributed to Halo 2, which is the best-selling first-generation Xbox game worldwide.
- ↑ 4,0 4,1 „Xbox Press : A Letter from Marc Whitten: Discontinuation of Xbox LIVE for Original Xbox Games“. Архивирано од изворникот на 2010-02-09. Посетено на 2010-07-10.
Надворешни врски
уреди„Xbox“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на Xbox
- Xbox на Curlie (англиски)
- Xbox на Xbox Wiki