Самурај Чамплу

(Пренасочено од Самурај Чемплу)

Самурај Чамплу (јап. サムライチャンプルー [Самураи Чанпуруу], анг. Samurai Champloo) ━ јапонско аниме, односно ТВ-серија создадена од Manglobe. Претставена е од продукциски тим воден од главниот творец и режисер Шиничироо Уатанабе, ликовен дизајн на Казуто Наказауа и механички дизајн на Махиро Маеда. САМУРАЈ ЧЕМПЛУ е првиот режисерски ангажман на Уатанабе за аниме телевизиска серија по критички реномираната серија КАУБОЈ БИБОП. Прв пат била емитувана во Јапонија на Фуџи ТВ на 20 мај 2004 година, до 19 март 2005 година, и вкупно има дваесет и шест епизоди.

САМУРАЈ ЧАМПЛУ

Црвената варијанта на логото.
SAMURAI CHAMPLOO
(サムライチャンプルー)
ЖанрАвантура, Боречки вештини, Драма
Манга
САМУРАЈ ЧЕМПЛУ
Творец Масару Готсубо
Целна група Shōnen
Списание Јапонија Monthly Shōnen Ace
Издавање 26 јануари 2004 –
26 септември 2004 г.
Бр. изданија2 тома
Anime
DirectorШиничироо Уатанабе
ProducerТакатоши Хамано
Такаши Кочијама
Тетсуро Сатоми
WriterШинџи Обара
ComposerNujabes
Tsutchie
Fat Jon
Force of Nature
StudioManglobe

Серијалот е сместен во алтернативна верзија на Јапонија од Едо периодот (1603-1868 г.) со анахроничен, главно хип-хоп, амбиент.[1] Серијата ги следи Муген, дрзок и слободољубив скитник мечувалец; Џин, сериозен и стоички ронин; и Фуу, храбра девојка која ги замолува да ја придружуваат во нејзината потрага низ Јапонија за да го пронајде „самурајот што мириса на сончогледи“.

ЧАМПЛУ има многу сличности со другото дело на Шиничироо УатанабеКАУБОЈ БИБОП. Двете серии се критички реномирани, се фокусираат на мешање на жанрови, следат епизоден наративен дизајн и користат современа музика.[2]

Серијата била синхронизирана на англиски јазик, а англиската синхронизација била премиерно прикажана во САД на аниме програмата на Adult Swim на 14 мај 2005 година.

Приказна

уреди

Младата девојка по име Фуу работи како келнерка во чајџилница кога е нападната и злоставена од група самураи во служба на локален градски богаташ. Таа е спасена од мистериозен скитник по име Муген и млад ронин по име Џин. Муген го напаѓа Џин откако тој се покажува како достоен противник. Двојката започнува борба меѓусебно и ненамерно ја предизвикуваат смртта на Шибуи Томоношина, синот на градскиот судија. За ова дело, тие треба да бидат погубени. Со помош на Фуу, тие бегаат од погубување, а за возврат, Фуу ги замолува да патуваат со неа за да го пронајдат „самурајот кој мириса на сончогледи“.

Сместување и стил

уреди

Според режисерот, серијата се одвива за време на Едо периодот, приближно шеесет години по крајот на Сенгоку периодот.[3] САМУРАЈ ЧАМПЛУ користи мешавина од историските позадини на Едо периодот со модерни стилови и наводи. Серијата се потпира на фактички настани од Јапонија од Едо ерата, како што е Шимабара востанието (во епизодите „Unholy Union“; „Evanescent Encounter, Part I“); Појавата на лик со потекло од Холандија во ера во која со указ се ограничени јапонските надворешни односи (во епизодата „Stranger Searching“); Укијо-е уметност (во епизодата „Artistic Anarchy“); и измислени верзии на реални личности од Едо ерата како Марија Енширу и Мијамото Мусаши („Elegy of Entrapment, Verse 2“). Содржината и точноста на историската содржина честопати се искривува заради уметничка интерпретација.

Историски контекст и влијание од Западот

уреди

САМУРАЈ ЧАМПЛУ содржи многу сцени и епизоди во врска со историските настани од Едо периодот. Во епизода 5 („Artistic Anarchy“), Фуу е киднапирана од познатиот укијо-е сликар Хишикава Моронобу, фигура истакната во уметничката сцена во Едо периодот.[4] Во епизода 23 („Baseball Blues“) главните ликови играат бејзбол натпревар против Александер Картврајт и тим американски бејзбол играчи кои се обидуваат да и објават војна на Јапонија.[5] Што се однесува до влијанијата од Западот, најавната шпица на шоуто, како и многу песни од саундтракот, имаат хип-хоп влијание.[6] Во епизода 5, Винсент ван Гог е наведен во врска со укијо-е сликите на Хишикава Моронобу.[7] Хип-хоп пејач ги предизвикува главните ликови во епизода 8 („The Art of Altercation“) и користи брејкденс при борбата.[8] Во епизода 18 („War of the Words“) графитите, чие културно потекло е во западната уметничка форма, се изведува од некои ликови како уметнички израз и форма на пишување. Крајот на епизодата го инспирира Муген да го напише своето име на покривот на Хирошима замокот, палатата на даимјоо феудалците во Едо ерата.

Ликови

уреди
 
Џин, Муген и Фуу (од лево кон десно).
  • Фуу: Таа е расположена 15-годишна девојка, која ги прашува Муген и Џин да и помогнат да го пронајде скржаво опишаниот човек, кого го нарекува „самурајот кој мириса на сончогледи“. Нејзиниот татко ги оставил неа и нејзината мајка од непозната причина. Без нејзиниот татко наоколу да ги издржува, Фуу и нејзината мајка водат тежок живот сè додека нејзината мајка не починува од болест. По неуспешното време како келнерка/танчерка во чајџилница, таа ги спасува Муген и Џин од погубување и ги регрутира како нејзини телохранители. Летечката верверичка со име „Момо“ (накратко од јапонски „момонга“ = летачка верверица) ја придружува, живеејќи во нејзиното кимоно и честопати излетувајќи за да ја спаси. Нејзиното име, Фуу, е јапонскиот знак за „ветер“. Во насловните картици, нејзиниот тотем се Сончогледите.
  • Муген: Безобразен вагабонт од казнената колонија на островите Рјуку, Муген е 19-годишен скитник со див и неконвенционален стил на борба. Груб, безобразен, вулгарен, вообразен, темпераментен и психотичен, тој има антихеројски преимеси. Љубител е на борби и има тенденција да предизвика борба за ситна причина. Во неколку епизоди е карактеризиран како женкар, а понекогаш и неговото либидо го мами во погрешни насоки. Носи гета обувки со метален ѓон, а на грбот носи егзотичен саи-меч. На јапонски, зборот „муген“ значи „бесконечен“ (во буквален превод - „без ограничување“, „неограничен“). Тој бил и поранешен пират. Во насловните картици, неговиот тотем е петелот.[9]
  • Џин: Тој е 20-годишен непристаплив ронин кој има конвенционално стоичко однесување на самурај од Токугауа ерата. Користејќи го даишоото на струкот, тој се бори во традиционален кенџутсу стил на самурај кој е обучен во врвна доџо школа. Го гонат неколку членови на неговото доџо бидејќи го убил нивниот мајстор во самоодбрана. Тој носи очила, достапен но невообичаен додаток во Јапонија од Едо периодот. Очилата, во тоа време наречени „холандска стаклена стока“ (на јапонски „Оранда гјоку шинаџина“), биле увезувани од Холандија на почетокот од Токугауа периодот и станале широко достапни како што напредувал XVII век. Неговиот пар очила е само површен, кога подоцна открива Муген откако добива шанса да ѕирне низ нив. Иако на рекламите е претставен како пуши со кисеру, тој никогаш не е прикажан како пушач во серијата. Во насловните картици неговиот тотем е кои рибата. Тој е именуван по една од седумте доблести на Бушидо самураите, „џин“ (добродушност).

Освен триото, другите ликови имаат тенденција да се појавуваат само еднаш до двапати низ целиот серијал.

Епизоди

уреди

26 епизоди се создадени во продукција на Manglobe, а по сценарио и режија на Шиничироо Уатанабе. Првата епизода била премиерно прикажана во Јапонија на ТВ Фуџи на 20 мај 2004 година, а последната на 19 март 2005 година.

Производство

уреди

САМУРАЈ ЧАМПЛУ се смета за пример на популарниот филмски и телевизиски жанр чанбара. Заштитните знаци ги вклучуваат Едо периодот, самураите или другите ликови со мечувалски вештини кои се во фокусот и многуте возбудливи, драматични борби.[10] Чанбара се користела во раните денови на јапонското кино (кога владината политичка цензура била силна) како начин на искажување на скриена критика кон општествените проблеми.

Зборот чемплу доаѓа од окинавскиот збор чанпуру (поточно гоја чанпуру, окинавски специјалитет кој содржи горчлива диња). Чанпуру, самостојно, едноставно значи „да се меша“, „измеша“; ова сугерира дека насловот на серијата во превод значи нешто слично на „Самурај Ремикс“, што дополнително ја рефлектира нејзината хип-хоп естетика.

Серијата настанала за време на продукцијата на филмот КАУБОЈ БИБОП, кога Уатанабе сакал да создаде нешто антитетичко за споредба од воглавно мирната и зрела атмосфера на таа серија. Тој го сметал Муген како млад и малку глупав, давајќи му силен контраст со Спајк Спигел. Џин е создаден како ликовен штит за Муген, спречувајќи ја приказната да води во еднодимензионална насока.[11]

 
Режисерот и творец, Шиничироо Уатанабе.

Медиуми

уреди
 
1-6 епизода на цедињата од списанието
Оправдано Присутни.

САМУРАЈ ЧАМПЛУ премиерно била прикажана во Јапонија на 20 мај 2004 година, на ТВ Фуџи, завршувајќи на 19 март 2005 година, опфаќајќи вкупно 26 епизоди. Во Јапонија се емитувала и на Animax.

Во Македонија била емитувана на А1 телевизија и подоцна и издавана во ЦД формат во детското списание Оправдано Присутни.

Аниме

уреди

Geneon ја лиценцирал серијата за дистрибуција во Северна Америка скоро една година пред да се емитува во Јапонија. Англиската синхронизација била премиерно прикажана во САД на аниме програмата на Adult Swim на 14 мај 2005 година. Емитуваната верзија била изменета на начин што вулгарниот јазик бил заменет со звучни ефекти, а сцените од крв и голотија била целосно исечени. Првото емитување на епизодите завршило на 8 март 2006 година. САМУРАЈ ЧАМПЛУ дебитирало во Канада на 24 декември 2006 година, на дигиталната станица Razer. Серијата се емитувала и во Велика Британија, Франција, Латинска Америка, Австралија, Нов Зеланд, Полска, Мексико, Португалија, Шпанија и Германија. Geneon, во соработка со Funimation, ја објавиле повторно целата аниме серија од 26 епизоди во сет кутија во јуни 2009 година и на Blu-ray во ноември 2009 година.[12] Од 26 ноември 2010 година, Funimation целосно ја лиценцирале серијата и уште еднаш ја објавиле во Класикс програмата на 24 мај 2011 година.[13]

Аниме серијата се вратила на американската телевизија на FUNimation каналот од 21 март 2011 година.[14] Серијата се вратила на Adult Swim на 2 јануари 2016 година, овојпат како дел од возобновената програма Toonami, заменувајќи го Мичико и Хачин.

Епизодите користат шест тематски музички дела:

  • „Боен-крик“' (анг. Battlecry), изведена од Nujabes и Shing02, е најавната тема за сите дваесет и шест епизоди;
  • „Песна за Четирите Сезони“ (јап. 四季ノ唄 [Шики но Ута]) од Nujabes и Minmi е завршната тема, освен во четири епизоди;
  • Епизода 12 ја користи „Who's Theme“ на Minmi, епизода 17 ја користи „You“ од Kazami, епизода 23 ја користи „Fly“ од Tsutchie;
  • Во последната епизода се користи песната „San Francisco“ од Midicronica како завршна тема.

Манга

уреди

Мангата САМУРАЈ ЧЕМПЛО дебитирала во Shōnen Ace на 26 јануари 2004 година и завршила на 26 септември 2004 година.[15] Tokyopop ја лиценцирале мангата во издание на англиски јазик во Северна Америка, а Madman Entertainment ја издале на англиски јазик во Австралија и Нов Зеланд. Исто така е лиценцирана за издание на португалски јазик и шпански јазик во Бразил и Шпанија од Panini. Манга серијалот има 2 тома. Иако мангата била попрво објавена, аниме продукцијата се смета за оригиналниот производ. Затоа, Shonen жанрот не може да се примени на аниме и важи само за мангата.

Саундтрак

уреди

Музиката користена во серијалот била издадена преку четири саундтрак ЦД-ња од Victor Entertainment.

  • Samurai Champloo Music Record: Masta албумот бил издаден на 23 јуни 2004 година. Во продукција на долгогодишниот пријател на Шиничироо Уатанабе, диџејот Tsutchie и јапонското хип-хоп дуо Force of Nature,[16] на албумот има 18 инструментални нумери и една балада со средно темпо, отпеана од R&B пејачката Kazami.
  • Samurai Champloo Music Record: Departure албумот бил издаден на истиот датум, кој содржи 17 песни, со две вокални дела изведени од рап артистот Shing02 и R&B пејачката Minmi. Албумот го продуцирал јапонскиот диџеј/продуцент Nujabes и американскиот ЕмСи/продуцент Fat Jon.

Два дополнителни саундтрак албуми следеле на 22 септември 2004 година:

  • Samurai Champloo Music Record: Playlist албумот содржел дополнителни 18 нумери, сите создадени од Tsuchie, со само едно вокално дело: ремикс на песната од првиот албум „Fly“, изведена од Азума Рики од хип-хоп групата Small Circle of Friends.[16]
  • Samurai Champloo Music Record: Impression албумот содржи 23 нумери од Force of Nature, Nujabes и Fat Jon. Рап артистите Suiken и S-word, членови на рап групата од Токио, Nitro Microphone Underground, гостуваат во некои песни, а Minmi ја изведува последната песна од албумот.

Два одделни саундтрак албуми биле објавени во 2004 година од Geneon Entertainment само во Северна Америка. Тие ги содржат повеќето исти песни како од јапонските албуми:

  • Samurai Champloo Music Record: Katana
  • Samurai Champloo Music Record: Playlist

Видеоигра

уреди

Grasshopper Manufacture развиле видео игра за PlayStation 2 заснована на серијата под наслов „Samurai Champloo: Sidetracked“; сепак, производителот изјавил дека играта нема никаква врска со настаните прикажани во шоуто. Саундтракот е компониран од Масафуми Такада и Џун Фукуда, а е напишан од Гоичи Суда. Објавен е на 23 февруари 2006 година, во Јапонија и на 11 април 2006 година, во САД. Добил мешани критики.[17] Играта е значајна по тоа што му дала име на карактеристичниот меч на Муген, „Typhoon Swell“; ова име никогаш не било користено ниту во анимето, ниту во мангата.

Прием

уреди

САМУРАЈ ЧАМПЛУ добило критичко признание; многу од критичарите и уметниците ја пофалиле уникатната мешавина на жанрови и влијанието на музиката во рамките на серијата.[18] Амбиенталниот саундтрак снимен од уметниците Fat Jon, Force of Nature, Tsutchie и покојниот Nujabes добил многу високо признание од критичарите, а IGN го рангирал како #10 на нивниот список ТОП ДЕСЕТ АНИМЕ ТЕМИ И САУНДРТАЦИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА.[19]

Научнички есеј е напишан од писателот Џиуон Ан за серијата и нејзината врска со западната култура, како и за различните жанрови во телевизијата и филмот. Есејот е објавен во учебникот How to Watch Television, а моментално се користи во УСЦ Школата за кинематска уметност.[20] Во својот есеј, Ан ја наведува серијата како „богат текст што треба да се испита во аналитичката рамка на авторизмот и теоријата за жанрот“.

Наводи

уреди
  1. Bonaminio, Salvan. „Anime Review: Samurai Champloo“. Anime UK News. Архивирано од изворникот на 2007-10-26. Посетено на 2012-04-18.
  2. Thompson, Ethan; Mittell, Jason (2013-09-16). How To Watch Television (англиски). NYU Press. ISBN 9780814745311.
  3. „Samurai Champloo“. Newtype USA. Kadokawa Shoten (October 2003).
  4. „Hishikawa Moronobu – SamuraiWiki“. wiki.samurai-archives.com. Архивирано од изворникот на 2016-10-12. Посетено на 2016-05-16.
  5. Benzon, William (2008). Postmodern is Old Hat: Samurai Champloo. Mechademia. 3. стр. 271–274. doi:10.1353/mec.0.0031. ISBN 9781452914176.
  6. MindMischief (2016-04-15). „Shinichiro Watanabe and the power of creative diversity | Samurai Champloo: Anachronisms, counterculturalism, and going against the grain“. blautoothdmand. Посетено на 2016-05-16.
  7. „Looking Back at Beauty (Japan Art Issues on Stamps)“. www.artonstamps.org. Посетено на 2016-05-16.
  8. „Samurai Champloo – The Art of Altercation“. Adult Swim. Архивирано од изворникот на 2016-05-07. Посетено на 2016-05-16.
  9. Oscar Ratti and Adele Westbrook, Secrets of the Samurai: A survey of the Martial Arts of Feudal Japan (Castle Books, 1999) p. 83
  10. Silver, Alain, "The Samurai Film", The Overlook Press, New York, 1977, pg. 37. 0-87951-175-3
  11. „Road Trip: Samurai Champloo“. Newtype USA. Kadokawa Shoten (July 2005).
  12. „Funimation Entertainment to Distribute Samurai Champloo“. Anime News Network. 2008-12-31.
  13. „Samurai Champloo DVD Complete Collection (Classic Line)“. Rightstuf.com. Архивирано од изворникот на 2012-09-10. Посетено на 2011-02-14.
  14. „VOD & Network Updates – FUNimation Channel (3/4 Weekend)“. Архивирано од изворникот на 2011-03-12.
  15. „Samurai Champloo Manga“. Anime News Network. January 22, 2004. Посетено на December 20, 2015.
  16. 16,0 16,1 ROMAN ALBUM: Samurai Champloo. Mangaglobe/Shimoigusa Champloos, Dark Horse Comics Inc., p. 50-54
  17. „GameRanking.com“. Архивирано од изворникот на 2008-12-16. Посетено на 2020-11-03.
  18. „Anime Review: Samurai Champloo | Anime Reviews | the Escapist“. Архивирано од изворникот на 2020-01-28. Посетено на 2020-11-03.
  19. Josh Pool (May 16, 2006). „Top Ten Anime Themes and Soundtracks of All-Time“. IGN.
  20. Thompson, Ethan; Mittell, Jason (2013-09-16). How to Watch Television. ISBN 9780814745311.

Надворешни врски

уреди