Јарем - дрвена направа во која се впрегнуваат два вола за орање или влечење запрега.[1] Јаремот се користел за впрегнување и на други животни, во Македонија и биволи, а во светот и други видови животни (зебу, муле...). Парот впрегнати волови се нарекува ѕевгар[2]

Дрвен плуг и околувратен јарем
Волови за влечење впрегнати во јарем за на глава

Постојат два вида јареми:

  • Јареми за на глава, и
  • Јареми за на гуша (околувратни)

При вјармувањето кај околувратните јареми се користел жегол[3] од надворешната страна на јаремот.

Во Македонија во употреба биле јаремите за на гуша.

Македонски поговорки

уреди

Наведена гла јарем тргат.[4]

Наводи

уреди
  1. „јарем“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „ѕевгар“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „жегол“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „Македонски пословици“. Посетено на 16 мај 2019.

Надворешни врски

уреди