Источнокинеско Море
Источнокинеско Море — плитко со реосечна длабочина од само 349 м. Од Жолтото Море е одвоено со замислена линија што оди до островот Чеџу кај самиот врв на Корејскиот Полуостров до утоката на реката Јангцекјанг на кинеското копно. Кон југ ова море е поврзано со Јужнокинеското Море со тесниот Тајвански Проток што се наоѓа меѓу кинеското копно и островот Тајван. Западниот дел на морето во поголем дел покрива област на континентален подводен гребен. Неговиот најдлабок дел, коритото Окинава, се протега на неколку стотици километри по должината на западната страна на островите Рјукју, на исток.
Топла струја (разгранок од струјата Куро-шио) влегува во Источнокинеското Море а исток од Тајван и се движи северно, а нејзините разграноци навлегуваат во Жолтото и Јапонското Море на североисток. Лете, топли и влажни ветрови од западниот дел на Тихиот Океан во Источнокинеското Море носат обилни дождови, понекогаш со урагани. Зиме над морето дуваат студени и суви ветрови од азиското копно.
Риболовот е еден од основните извори на приходи во оваа област, а најмногу се лови ингчун, туна, ракчиња, скуша и еден вид риби слични на јагулата. Источнокинеско Море претставува главна поморска сообраќајница до пристаништата во Јапонија и на други места во северниот дел на Тихиот Океан.