Шинџуку
Шинџуку (јапонски: 新宿区, шинџуку-ку; токиски дијалект: Шинџику) ― посебен округ во Токио, Јапонија. Тој е големo комерцијално и административно средиште, домувајќи ја северната половина на најпрометната железничка станица на светот (станицата Шинџуку) и зградата на метрополитенската влада на Токио, средиштето на администрацијата на владата на Токио. До 2018 година, округот има проценето население од 346,235 жители, и густина на населеност од 18,232 луѓе на км2. Вкупната површина е 18.23 км2.[3] Од крајот на Втората светска војна, Шинџуку бил големо второстепено средиште на Токио (фукутошин), конкурирајќи му на првичното градско средиште во Маруноучи и Гинза.
Шинџуку 新宿区 | |||
---|---|---|---|
Посебен округ | |||
Град Шинџуку[1] | |||
Облакодери во Шинџуку со планината Фуџи во позадина | |||
| |||
Местоположба на Шинџуку во Токио | |||
Држава | Јапонија | ||
Регион | Канто | ||
Префектура | Токио | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Кеничи Јошизуми | ||
• Туристички амбасадор | Годзила[2] | ||
Површина | |||
• Вкупна | 18,23 км2 (704 ми2) | ||
Население (2018) | |||
• Вкупно | 346.235 | ||
• Густина | 190/км2 (490/ми2) | ||
Час. појас | Јапонско стандардно време (UTC+9) | ||
- Дрво | Јапонски брест | ||
- Цвеќе | Азалеа | ||
Тел. број | 03-3209-1111 | ||
Адреса на седиште | Кабукичо 1-4-1, Шинџуку-ку, Токио 160-8484 | ||
Мреж. место | city.shinjuku.lg.jp |
Шинџуку исто така најчесто се користи за да се однесува на целата област околу станицата Шинџуку. Јужната половина од оваа област и станицата всушност припаѓаат на областите Јојоги и Сендагаја од соседниот округ Шибуја.
Географија
уредиШинџуку е опкружен со Чијода на исток; Бункјо и Тошима на север; Накано на запад, и Шибуја и Минато на југ.[4]
Сегашниот град Шинџуку израснал од неколку одделни паланки и села, кои ги задржале некои разлики и покрај тоа што растеле заедно како дел од метрополата Токио.
Населби
уреди
|
|
|
Историја
уредиВо 1634 година, за време на периодот Едо, како што бил изграден надворешниот ров на замокот Едо, голем број храмови и светилишта биле преселени во областа Јоцуја на западниот раб на Шинџуку. Во 1698 година, Наито-Шинџуку бил развиен како нова (шин) станица (шуку или џуку) на Кошу Каидо, еден од главните автопати во тоа време. Наито било презимето на еден дајмјоо, чија палата стоела во областа; неговата земја сега е јавен парк, Шинџуку Гјоен. Во 1898 година, Фабриката за прочистување на вода Јодобаши, првиот современа градба за третман на вода во градот, бил изградена во областа што сега се наоѓа помеѓу паркот и железничката станица.[5]
Во 1920 година, градот Наито-Шинџуку, кој опфаќал големи делови од денешното Шинџуку (населбата, а не општината), делови од Ниши-Шинџуку и Кабукичо биле интегрирано во единицата Град Токио. Шинџуку започнал да се развива во сегашниот облик по големиот земјотрес во Канто во 1923 година, бидејќи сеизмички стабилната област во голема мера го избегнала уништувањето. Следствено, Западен Шинџуку е една од ретките области во Токио со многу облакодери.
Воздушните напади во Токио од мај до август 1945 година уништиле речиси 90% од зградите во областа во и околу станицата Шинџуку.[6] Предвоениот облик на Шинџуку, и остатокот од Токио, за тоа прашање, бил задржан по војната, бидејќи патиштата и шините, оштетени како што биле, останале, и тие го обликувале срцето на Шинџуку во повоената конструкција. Само во Кабуки-чо бил спроведен голем план за реконструкција.[7]
Сегашниот округ бил основан на 15 март 1947 година со спојување на поранешните окрузи Јоцуја, Ушигоме и Јодобаши. Служел како дел од атлетската 50 километарско пешачење и маратон за време на Летните олимписки игри 1964.[8] Во 1970-тите, фабриката за прочистување на водата Јодобаши била затворена и била заменета со облакодери.[9]
Во 1991 година, метрополитенската влада во Токио се пресели од областа Маруноучи во Чијода во сегашната зграда во Шинџуку. (Токискиот меѓународниот форум стои на поранешното место испразнето од градската влада.)
Превоз
уредиШинџуку е главно урбано превозно средиште. Се проценува дека станицата Шинџуку поминува 3,64 милиони патници секој ден, што ја прави најпрометната станица во светот. Во него се сместени клучки за три линии на метрото и три патнички линии во приватна сопственост, како и неколку линии на јапонското железничко претпријатие.
Сестрински градови
уредиШинџуку има договори за збратимен град со неколку места:[10]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Shinjuku City Архивирано на 9 февруари 2008.
- ↑ Izadi, Elahi (9 април 2015). „Terrifying monster named Tokyo's new tourism ambassador“. The Washington Post. Посетено на 7 август 2021.
- ↑ Shinjuku City[мртва врска]
- ↑ Tokyo Special Wards Map
- ↑ „Water Supply in Tokyo“. Bureau of Waterworks, Tokyo Metropolitan Government. Bureau of Waterworks, Tokyo Metropolitan Government. Посетено на 7 август 2021.
- ↑ History of Shinjuku Архивирано на 26 март 2006 г.
- ↑ Ichikawa, 2003
- ↑ 1964 Summer Olympics official report.
- ↑ „Shinjuku Then and Now“. Real Estate Japan. GPlus Media Inc. 7 октомври 2015. Посетено на 7 август 2021.
- ↑ Friendship cities Архивирано на 7 април 2010 г.
- Канцеларијата на округот Шинџуку, Историја на Шинџуку
- Хиро Ичикава "Reconstructing Tokyo: The Attempt to Transform a Metropolis" во К. Хајн, Џ. М. Дифендорф и И. Јорифуса (уредници.) (2003). Building Urban Japan after 1945. Њујорк: Palgrave.
Надворешни врски
уреди- Службена страница на Општина Шинџуку (јапонски)
- Демографија на Шинџуку (јапонски)
- Историски музеј Шинџуку: уредно наместен музеј со интересни поставки за минатото на Токио Архивирано на 21 јули 2019 г.