Кабукимоно (傾奇者 (カブキもの)) или хатамото јако (旗本奴) ― банди на самураи во феудална Јапонија.[1] Првпат појавувајќи се во периодот Азучи-Момојама (помеѓу крајот на периодот Муромачи во 1573 и почетокот на периодот Едо во 1603 година) како што турбулентниот период Сенгоку привршувал, кабукимоно биле или пустиници самураи (ронин), или мажи кои имале работено во самурајските семејства - кои, за време на мир, создавале улични банди. Некои, сепак, биле исто така членови на повеќе познати кланови — како најистакнати Ода Нобунага и Маеда Тошие.

Кабукимоно биле група која се облекувала во необичен стил и зборувала на народен јазик што одговарала на нивното често срамно однесување.

Поимот кабукимоно често се преведува како „чудни нешта“ или „лудите“, се верува дека е изведен од кабуку, што во груб превод значи „да забегува“ или „да се отстапува“; Поимот е исто така потеклото на името за театарот кабуки, бидејќи основачот на кабукито, Изумо но Окуни, зел големо вдахновение од кабукимоните.[2]

Кабукимоните често се облекувале во истаклива облека, не земајќи ги во предвив традиционалните бои како светло жолтата и темно сината, често надополнети со носење на јакни хаори со оловни тегови на рабовите, сомотни ревери, широки каиши оби и дури женска облека. Егзотицизмот бил особенит и вклучувал предмети како европска облека, кинески шапки, елеци џинбаори направени од персиски теписи.[3][4] Кабукимоните исто така често имале невообичаени фризури и бради, или стилизирани во различни моди, или оставени долги бради. Нивните катани често имале отмени рачки, голема или квадратна цуба, црвена ножница и биле обично подолги од нормалната должина. Некои кабукимонци дури користеле долги лулиња кисеру како оружје.

Кабукимонците биле познати за нивното насилно и неопштествено однесување, како што е неплаќање во ресторани или ограбување лица. Случаи на членици на бандата како сечат луѓе само да си го пробаат новиот меч (цуџигири), или насилни инциденти во голем размер биле чести во места како кабукимонците се наоѓале (особено во големите градови како Едо и Кјото). Борењето, гласното пеење и танцувањето на улиците било често, како што било борењето помеѓу банди ноќе. Зенитот на активностите на кабукимонците бил за време на периодот Кејчо (1596–1615), иако исто така тоа време, бакуфуот (шогунатот) станал построг и кабукимоното како појава опаднало.[5]

Се смета дека денешната јакуза потекнува или од групи кабукиномо или од групи селани собрани да се борат со нивните насилници; иако други научници веруваат дека потеклото на јакузата може да се најде во мачи јако (町奴), облик на приватна полиција.[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „かぶき者とは“. kotobank. Посетено на 28 мај 2022.
  2. "Kabuki" in Frederic, Louis (2002). Japan Encyclopedia. Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press.
  3. „Persian rug“. Архивирано од изворникот на 2022-05-09. Посетено на 2022-05-28.
  4. 4,0 4,1 „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 8 март 2009. Посетено на 28 мај 2022. "Yakuza, Kabukimono, Machi-Yakko"
  5. Kodansha Encyclopedia of Japan; 1983, Kodansha America