Залцведел (германски: Salzwedel, службено: Hansestadt Salzwedel), е град во Саксонија-Анхалт, Германија. Главен град е на округот (Kreis) Алтмарк Залцведел и има население од околу 21.500 жители и се наоѓа на Германскиот пат на фахверкот.

Залцведел
Карактеристични стари куќи во Залцведел
Карактеристични стари куќи во Залцведел
Карактеристични стари куќи во Залцведел
Грб на Залцведел
Залцведел во рамките на Германија
Залцведел
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Алтмарк Залцведел
Градоначалник Забине Данике
Основни податоци
Површина 305 км2
Надм. височина 19 м
Население 23.543 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 77 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SAW
Пошт. бр. 29410, 29413, 29416
Повик. бр. 03901, 039032, 039033, 039037, 039038
Портал www.salzwedel.de
Местоположба на градот Залцведел во рамките на округот Алтмарк Залцведел
Карта
Карта
Координати 52°51′N 11°09′E / 52.850° СГШ; 11.150° ИГД / 52.850; 11.150

Географија

уреди

Залцведел се наоѓа на реката Јецел во северозападниот дел на Алтмарк. Се наоѓа помеѓу Хамбург и Магдебург. Оддалечен е од Илцен околу 44 километри на исток, 12 километри на југ од Лихов, 41 километри на север од Гарделеген и 24 километри на запад од Арендзе.

Во 1968, првичните дупчења во земјата покажаа значајни резерви на природен гас близу градот.

Историја

уреди

Замокот Залцведел во Алтмарк бил првпат забележан во 1112. Како дел од Брандебург, населбата била првпат спомената како град во 1233. На североисток од стариот град (Altstadt), новиот град (Neustadt) почнал да се развива во 1247. Во средниот век Залцведел припаѓал на Ханзата од 1263 до 1518. Религиски, Залцведел припаѓал на бискупијата Верден (до 1648).

Градот од 1247, почнал да се развива со повторното градење од стариот дел на градот. Во 1701, станал дел на Кралството Прусија. Во 1713, двата града Altstadt and Neustadt станале еден. Залцведел станал дел од пруската Провинција Саксонија во 1815 по војните на Наполеон. Во 1870, добил железничка врска. Средновековниот дел на градот останал комерцијален и административен центар на градот сè досега.

Како и во другите германски градови во текот на нацистичка Германија под Адолф Хитлер, еврејското население на градот било систематско исчистено и однесено надвор од градот.

 
Залцведел во 1652

Во 1943, концентрациониот камп Нојенгаме изградел женски подкамп во Залцведел, со капацитет за чување на повеќе од 1.000 женски затвореници. Всушност, повеќе од 3.000 жени биле сместени таму, Еврејки, но и други. Како чувари во кампот биле вклучени шеесет СС-мажи и жени. Една Aufseherin е позната денес по името, Лизелот Дарнштет, кој е родена во 1908. Дарнштет служела во Равенсбрик пред да дојде во Залцведел. На 29 април 1945, американката армија го ослободила женскиот подкамп Залцведел, како и машкиот кампо во близина за машки негермански политички затвореници. Тие биле шокирани од погледот на деведесет тела на жени, кои умреле од тифус, дизентерија и маларија. На почетокот на 1945, пред пристигнувањето на американските пешадиски сили, воените сојузнички авиони ја нападнале главната железничка станица во Залцведел, убивајќи 300 луѓе. Американската војска, всушност го предала градот на советската Црвена армија, предизвикувајќи така Залцведел да стане дел од Германската Демократска Република.

На 9 ноември 1989, граничниот премин на источно-западната германска граница близу Залцведел бил отворен, заедно со граничните премини во остатокот на земјата, дозволувајќи им на источните Германци да излезат од Залцведел и да патуваат слободно во Западна Германија за првпат од градењето на Берлинскиот ѕид. Во 1990, Залцведел ја добил и неговата прва демократска избрана градска влада.

Официјалното име на градот било променето во Hansestadt Salzwedel на 1 април 2008, во однос на неговата историја како член на Ханзата.

Култура и знаменитости

уреди
 
Фахверк-куќи
 
Локален суд во Залцведел

Главни знаменитости

уреди

Места кои можат да се посетат, се историскиот дел на градот, опкружен со историскиот градски ѕид и градските порти. Градот исто така ја содржи куќата, во која се родила Џони фон Вестфален, подоцна жена на Карл Маркс.

  • бројни Фахверк-куќи.
  • градските порти (Нојперфер, Камена) и средновековните градски ѕидини.
  • остатоци од замокот (кулата во замокот и градината).
  • градското собрание (порано манастир).
  • кулата на градското собрание.
  • монашката црква.
  • готските цркви од тули Свети Богородица, Свети Катарина и Свети Лоренц.
  • други цркви: Свети Георг и Црква на Светиот Дух.
  • поранешното градско собрание, денес локаелн суд на Залцведел.
  • градина „Бајка“.
  • Музеј Јохан Фридрих Данајл.
  • пекарници на „Baumkuchen“.

Фестивали

уреди

Храна

уреди

Деликатеси на градот се Baumkuchen, Залцведелер (Алтмеркер) свадбена супа и Tiegelbraten (овца).

Сообраќај

уреди

Залцведел е достапен преку сојузниот автопат Б71 (север-југ) и сојузниот автопат Б248 (запад-исток). Пристап до најблискиот автопат е A39 кој е 59 километри оддалечен во Волфсбург, A250 е 80,9 километри оддалечен во Линебург, A24 во Драјек и A241 е 81,4 километри оддалечен.

Поврзан е со железница, која Amerikalinie (Линија Америка) беше обновена во 1990-тите поврзувајќи ги Берлин и Бремен. Оваа линија припаѓа на Штендал/Илцен. Други станици има во Витенберге близу Арендзе и во Ебисфелде.

Луѓе

уреди

Меѓународни врски

уреди

Залцведел е збратимен со:

Наводи

уреди
  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди