Ошерслебен
Ошерслебен (германски: Oschersleben) — град во округот Берде, во Саксонија-Анхалт, Германија.
Ошерслебен | |
Авионски поглед кон Ошерслебен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Берде |
Градоначалник | Дитер Кленке (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 189 км2 |
Надм. височина | 85 м |
Население | 19.704 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 104 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BK |
Пошт. бр. | 39387, 39398 |
Повик. бр. | 03949, 039408 |
Портал | Град Ошерслебен |
Местоположба на град Ошерслебен во рамките на округот Берде | |
Координати | 52°1′N 11°15′E / 52.017° СГШ; 11.250° ИГД |
Географија
уредиОшерслебен се наоѓа близу реката Боде, 24 километри југозападно од Магдебург во регионот наречен Магдербургер Берде. Реката Боде ја достигнува најсеверната точка надвор од градот. Ошерслебен е најважната железничка станица на железничката линија Магдебург-Халберштат-Тале.
Историја
уредиНа 23 ноември 994, Ошерслебен бил првпат споменат во документ од императорот Отон III. Во 1235, бил првпат споменат како град. Во 17. век повеќето делови на Ошерслебен биле уништени во пожар. ВО 1648, бил под доминација на Бранденбург. Ошерслебен станал окружен главен град во 1816 и бил поврзан со железничкиот систем во 1843.
Во годините пред Втората светска војна Ошерслебен се ширел, поради фабриката за авиони (AGO Flugzeugwerke), која била основана тука и биле потребни многу работници. Оваа фабрика била причината поради која Сојузниците го нападнале градот во десет последователни напади.
Во текот на периодот во Германската Демократска Република Ошерслебен бил центар на земјоделството во регионот. Сепак, некои индустриски објекти биле направени тука, на пример сè уште постои производителот на пумби, како и рафинеријата за шеќер, металопреработувачката индустрија, пиварницата, машинската индустрија и дрвната индустрија.
Од 2000, трката Ошерслебен е користен во повеќе натпреварување под капата на Меѓународната автомобилска федерација. Во 2005, трката била преименувана како Motorsport Arena Oschersleben, поради несолвентноста на инвеститорите.
Во 1992, била изградена компанија Agrarfrost за преработка на компири, која произведува пржени компири и чипс.[2] Фабриката произведување околу 140.000 тони компири годишно.[3]
-
Кула во Ошерслебен
-
Административен објект во Ошерслебен
-
Центарот на Ошерслебен
-
Црквата „Света Марија“ во Ошерслебен
-
Дел од трката „Супер 2000“ во Ошерслебен.
-
Фонтана во Ошерслебен.
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Страница на Agrarfrost“. Архивирано од изворникот на 2012-03-04. Посетено на 2011-12-19.
- ↑ „Покраинско биро за администрација Саксонија-Анхалт“. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2011-12-19.
Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
уредиОваа статија место во округот Берде е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |